Кратка мудра приказна: Проблемот кој започнува со коњ...
Едно младо момче за 2.000 евра купило коњ. Го платило и газдата му ветил дека ќе му го донесе утредента. Утредента дошол газдата и му рекол на момчето: „Жал ми момче, коњот цркна!“
Момчето: „Добро, вратете ми ги парите“.
Газдата: „Жал ми е, но не можам да ти ги вратам парите, веќе ги потрошив“.
Момчето: „Тогаш донесете ми го цркнатиот коњ“.
Газдата: „Зошто!?“
Момчето: „Ќе направам лотарија. И немојте никому да кажувате дека коњот цркна!“
По месец дена се среќаваат газдата и момчето, па газдата го прашува како поминал со лотаријата.
Момчето: „Распишав лотарија, едно ливче беше 30 денари, продадов доволно за да си ги вратам моите 2.000 евра“.
Газдата: „Зарем никој не се пожали?“
Момчето: „Само типот кој го доби цркнатиот коњ, па нему му ги вратив триесетте денари“
Момчето денес работи во банка.
Поука: Проблемот секогаш почнува со некој коњ, а банките само си ја работат својата работа...