Носталгија за школските денови: Хербариум, макети по ОТП, флејта – забавни вештини кои ги учевме во училиште
Хербариуми, инсектариуми, длабење на линолеум, цртање со туш, изработување на најразлични макети на часовите по Општо-техничко образование. Се сеќавате ли на некои од најинтересните работи што ги правевме во училиште? Што вам ви беше најзабавно?
Додека поголемиот дел од нас имаат кошмари од писмените по математика и тешките лекции што ги изучувавме во средното и во основното образование, сепак мора да признаеме дека имаше часови и предмети каде ни беше забавно и во рамки на кои изучувавме нови вештини.
Работење со пила, длабење со длето, цртање со туш, собирање растенија и инсекти и нивно третирање и собирање во хербариуми и инсектариуми.
Ова се само некои од работите што навистина беа забавни, а ни овозможуваа да научиме нови работи.
Мора да признаеме дека не беа сите часови толку здодевни и дека имавме и забавни активности, иако учебниците не ни беа сликовници и некогаш се чини дека имавме многу обемен материјал за учење.
Кои часови вам ви беа најзабавни? Кои часови ги очекувавте со нетрпение? Пишете ни во коментар која забавна активност сме ја заборавиле.
Да се потсетиме во продолжение на некои од активностите што ги правевме во училиште:
Цртање со перодршка и со туш
Изработка на семенариум
Изработка на хербариуми
Изработка на инсектариуми
Изработка на макети по Општо-техничко образование
Свирење на флејта
Изработка на линорез графика
Гледање на микроскоп
Експерименти по хемија и одредување PH вредност со лакмусова хартија
Скокање на јарец
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело