Зошто Виктор Апостоловски ми е фаворит за Евровизија?

Ме тера да играм, ми се допаѓа динамиката, ритамот ми е заразен и мене тоа ми е рецептот за на Евровизија, ме потсетува на Верка Сердучка од Украина од Евровизија 2007... И секој има право на свое мислење, зарем не? Кој е вашиот фаворит?

zoshto-viktor-apostolovski-mi-e-favorit-za-evrovizija-01.jpg

Не знам за вас, но јас за првпат се вљубив на прва во македонска песна предложена за да нè претставува на Евровизија и тоа во „Супермен“ на Виктор Апосотоловски.

Ме тера да играм! Ритамот ми е заразен, има експлозија од енергија, ми звучи модернистички, свежо, динамично, едноставно ми изгледа како вистински рецепт за на Евровизија.

Нешто сосема поинакво од нас. Нешто што малку ме потсети на динамиката на песната „Dancing Lasha Tumbai“ со која Верка Сердучка од Украина се појави на Евровизија во 2007 година и остави силен впечаток.

Верувам дека и Виктор Апостоловски би оставил силен впечаток. Некако со неговиот симпатичен танц на најавното видео ми изгледа доволно луд (ова во најпозитивната смисла на зборот) да има совршен настап на сцената.

Доколу биде избран, се надевам дека тимот ќе му осмисли нешто уникатно и спектакуларно и дека тој ќе ја донесе песната на одличен начин на евровизиската сцена. Го има тој X фактор во себе!

Зошто еднаш и ние да не пробаме со игра на карта на динамика на „catchy“ песна?

„Енергијата е топ“, „Ова е супер забавно“, „Оваа песна ме прави зависен, ја слушам постојано“ се само дел од коментарите под песната на YouTube.

Се разбира, на социјалните мрежи има и многу негативни коментари, но кога нешто е навистина впечатливо, тогаш мислењата секогаш се поделени.

И тоа е важно, песната на Евровизија да потттикне дебата, да биде запомнета, да ви разбуди емоции, да ви даде енергија... А за мене „Супермен“ е сето тоа и многу повеќе. Па, нека се зборува, зошто да не?

Се разбира, ова е само мое мислење и едвај чекам да го чујам вашето...

Кој е вашиот фаворит?

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg