За убавината на добрите луѓе (на моменти до степен на наивност)...

za-ubavinata-na-dobrite-lugje-na-momenti-do-stepen-na-naivnost-01.jpg

Реално, не треба да сте толку добри затоа што многу често со раздавањето добрина кон другите, вие сте токсични самите за себе.

Но, гледано од нашата страна, за сите нас вие сте мевлем за душа.

На вас можеме да се потпреме секогаш.

Во вашата љубов не се сомневаме.

Знаеме дека секогаш сте тука да ни подадете рака.

Свесни сме дека само кај вас ќе најдеме безрезервна поддршка.

Јасно ни е дека ако ви го побараме дури и срцето од градите, вие би го извадиле за нас.

Знаеме дека се жртвувате често за нашето добро.

Знаеме дека себе се ставате на второ место за ние да бидеме на пиедесталот.

Знаеме дека прво се грижите за нашата среќа, а дури потоа за својата.

Знаеме дека некогаш ви ја исцицуваме енергијата затоа што сме навикнати да ни давате премногу и секогаш премногу ви бараме.

Исто така знаеме дека на моменти ве земаме дури здраво за готово и дури и да не изигнорирате на најмал можен начин за нас е крај на светот, затоа што на такво нешто од вас не сме навикнати.

Знаеме дека душата на моменти на парчиња ви е од што не знаете кому прво да помогнете.

Знаеме дека понекогаш ви е премногу од сè и сите нас.

Знаеме дека понекогаш ви е потребно бегство.

Знаеме дека се плашите дека еден ден ќе се истрошите од што давате толку љубов.

Знаеме дека на моменти чувствувате дека ќе прегорите од што помагате секому, до последниот атом на енергија.

Знаеме дека сте премногу добри за да бидете реални, но сепак животот нè наградил да ве имаме и да, реални сте и тука сте до нас.

Но, знајте дека и сето тоа го гледаме и го цениме и дека вашата љубов и грижа животот полесен ни го прави.

И дека нашиот живот не би бил ист да ве немавме до себе.

Ви благодариме што постоите!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg