Каролина ја испеа „Од нас зависи“, се изгради Милениумскиот крст на Водно – работи кои слават 20 години (фото)
2002-та беше година на многу интересни работи и настани, особено од културолошки аспект за Македонија. На љубителите на добриот пишан збор на македонски, домашни автори, им се пружи можност да ја прочитаат „Разговор со Спиноза“ на Гоце Смилевски, која веќе има култен статус во модерната македонска книжевност. Дали ви се верува дека оваа книга слави 20 години од издавањето?
„Разговор со Спиноза“ е воедно добитник е на наградата „Роман на годината“ на Утрински весник за 2002 година, во Македонија има најмалку 7 изданија, а преведен е во многу други држави во светски рамки.
„Ајде пробај, замисли си за миг, едно место, едно парче земја на југ…“ Вака Каролина го започна рефренот на евровизиската „Од нас зависи“ во 2002 во Талин, Естонија.
Песната првично требало да биде изведена на англиски јазик, но поради тоа што истата била пријавена на македонски за изборот, правилата морале да се почитуваат.
Каролина носеше незаборавна креација на Александар Ношпал, златен корсет и волуменозно, црвено здолниште.
2002 беше година на одлични музички албум. Тоше Проески го промовираше „Ако ме погледнеш во очи“, Калиопи се потпиша зад „Најмила“.
Владо Јаневски го издаде „Има нешто посилно од сè“, a АРЕА пееја „Нешто недостасува“. Кисмет го издадоа култниот „Dreaming“.
Постпродукција на филмот „Како лош сон“ во режија на Антонио Митриќески, а започнаа и финалните подготовки за снимањето на филмот „Како убив светец“ во режија на Теона Митевска.
2002 ќе остане запаметена по многу нешта, но една од нив е и изградбата на Милениумскиот крст на Водно...
https://www.instagram.com/p/CYZd1dhsBkT/
Продолжува…
(О)Милена | Црнобело