Зошто е поубаво да се живее во помал град (во Македонија)?
Затоа што луѓето се потопли.
Затоа што водат поедноставен начин на живот.
Затоа што не се под стрес поради гужвата во сообраќајот.
Затоа што се концентрирани на вистинските морални вредности, односно поради побавното темпо имаат повеќе време за семејството.
Затоа што воздухот е почист (на некои места).
Затоа што има повеќе зеленило.
Затоа што понекогаш немањето преголем избор за одредени работи ви ги скратува главоболките.
Затоа што цените се пониски.
Затоа што луѓето што ги сакаш голема е веројатност да ги сретнеш некаде, без да се договараш.
Затоа што има мир.
Затоа што може повеќе да им се верува на луѓето, од причина што сите се знаат.
Затоа што можеш пешки да отидеш секаде.
Затоа што градоначалникот или одговорните од општината ќе ги сретнеш во локалното кафуле и ќе можеш да им се пожалиш доколку имаш проблем.
Затоа што полесно можеш да се пробиеш и да станеш препознатлив по тоа што го работиш.
Затоа што децата се побезбедни и може да се враќаат сами дома, дури и навечер.
Продолжете ја листава...
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело