Во новата година, ти посакувам да научиш да кажуваш „НЕ“

Дали си уште од оние „будали“ што не ја научиле магијата на зборчето „не“, од пусти страв за да не ти се налути некој? Доколку си, здраво пријателе, и јас сум таква будала.

Nauci-da-kazuvas-NE-01.jpg

За тебе и за себе, во новата година посакувам да ја совладаме оваа едноставна вештина на кажување НЕ. Толку кратко и јасно, цели две букви.

НЕ, на сите оние на коишто им ги позајмуваш последните пари што ги имаш, а потоа се преправаат дека не ти должат ништо во следните 2 години од животот. Па ти е незгодно да си ги побараш своите пари назад.

НЕ, на сите што упорно те викаат на дружба само за да трубат за своите проблеми, а во моментот кога ти сакаш да кажеш што те мачи, магично испаруваат затоа што мораат итно на некое друго место.

НЕ, на оние кои ти ја цедат енергијата, креативноста и насмевката, а подоцна се китат со твоите пердуви.

НЕ, на пасивно-агресивните луѓе што постојано те задеваат со коментари од типот – „Уште немажена? Ама си се здебелила малку, м? Што, се разведе после само 2 години брак? Уште немате дечиња?“ Зошто ни се потребни вакви луѓе во животот?

НЕ, на луѓето на кои постојано им се наоѓаш за услуги, а тие еднаш не го кренале телефонот да прашаат како си.

НЕ, на токсичните и љубоморните кои едвај чекаат да ви се случи нешто лошо, за да се ситат, да се споредуваат со вас, за да на крај си речат – па барем не сум како неа/него!

НЕ, на љубовта која не ви е возвратена, на оној кому сте му заложник, кој ве третира како играчка, како кукла на навивање, без да се грижи за вашите чувства кои ги гмечи со ѓонот од чевлите.

НЕ, на оние кои ве изневериле, кои бараат трета, четврта и петта шанса, и покрај првите две. Тие никогаш нема да се сменат и време е да си продолжиме понатаму.

НЕ, на стравот од одбивање, на стравот дека некому нема да му бидеме добри, интересни и фини.

НЕ, на сите бесполезни дебати во друштво за политики, вакцини, корони и што веќе не. Никој од нас нема да си го смени мислењето, зошто ни се сите тие крволочни дебати и беспотребно ситнење на енергијата?

НЕ вреди. НЕ вреди да се трошиме на сите овие луѓе, случки и настани, додека нашето здравје и нерви се на штица за сечкање. Не вреди да се полниме со стрес и горчина. Еден си е животот. Само нему и себеси, кажете си ДА.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg