За пријателите – браќа и сестри по душа: „Благодарам што постоите!“
За пријателите бeз кои не можете да си го замислите денот,
За пријателите кои ви го прават животот убав,
За пријателите на кои можете да им се доверите за aпсолутно сè,
За пријателите кои секогаш имаат време за вас,
За пријателите кои секогаш се подготвени да ве ислушаат,
За пријателите кои чувствувате дека вистински ве сакаат,
За пријателите кои некогаш ве ставаат и пред самите себеси,
За пријателите кои не ве озборуваат зад грб,
За пријателите со кои сте вистинските вие,
За пријателите кои ви ги прифаќаат маните,
За пријателите кои ви го разбираат лудилото,
За пријателите со кои се разбирате без збор,
За пријателите кои само по погледот знаат како се чувствувате,
За пријателите кои ве виделе кога сте најгоре и најдолу во кругот на животот и подеднакво ве третирале,
За пријателите на кои вашата среќа им е вистински важна,
За пријателите кои се доказ дека пријателствата го прават животот полесен,
За пријателите кои прават да се чувствувате безбедно,
За пријателите кои ви го чуваат грбот,
За пријателите на кои најголема среќа им се вашите радости,
За пријателите на кои срцето им се кине поради вашите трагедии,
За пријателите кои знаат што значи да се биде вистински пријател...
И вам ви се токму такви.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело