Мајчинството ми ги донесе најголемите падови, но и најголемата среќа – зборот „мамо“ е магичен

Откако станав мајка ја доживеав најголемата среќа, но истовремено ги почувствував и најголемите падови, што само по себе е контрадикторно. Понекогаш се гледам себеси во огледало и не можам да си поверувам што гледам: подочници, брчки, замор... Се прашувам како ли издржувале нашите родители?

majchinstvoto-mi-gi-donese-najgolemite-padovi-no-i-najgolemata-srekja-zborot-mamo-e-magichen-zbor-01.jpg

Ние мајките лесно се препознаваме меѓу себе, по скриените подочници со коректор и пудра, по тоа што постојано сме расеани и брзаме некаде, но и по силната насмевка на лицето кога говориме за нашите деца.

„Знаеш моето дете вчера...“ – ги читате зборовите и се насмевнувате нели!?

Откако станав мајка ја доживеав најголемата среќа, но истовремено ги почувствував и најголемите падови, што само по себе е контрадикторно. Понекогаш се гледам себеси во огледало и не можам да си поверувам што гледам: подочници, брчки, замор... Се прашувам како ли издржувале нашите родители и почнувам одново многу повеќе да го ценам тоа што го направиле за мене во минатото.

Во минатото кога размислував за себеси, не се сакав таква каква што сум. Бев осамена, тажна, а љубовта од сопругот иако беше вистинска и реална никогаш не ме исполнуваше на тој начин како што ме исполнува зборот: „мама“...  Тоа е магичен збор што веднаш ми дава сила.

И не е важно дали го слушам во 3 по полноќ, во 3 попладне или во 6 наутро.

Секогаш во тој мал збор наоѓам сила за да станам и да бидам тука за нив. Да одговорам на сите нивни барања, да им помогнам, да се грижам за нив...

Понекогаш имало мигови кога сум чувствувала како да се губам самата себе си и дека повеќе не сум истата личност.

Тешки биле миговите кога требало да станувам по трипати во една вечер за да дојам или додека децата имале проблеми со здравјето. Тешки биле ноќите кога сме се бореле со воспаление на увце, настинка, затнато носе...

Тешко е да станеш секое утро пред сите, да подготвиш сè што треба за да го започнеш денот... Тешко е да си дојдеш од работа и веднаш да трчаш за да ги задоволиш нивните потреби. Но, тешко е и кога ќе сфатиш дека во денот ти остануваат само неколку часа со нив.

Понекогаш, ама само на кратко, сум помислувала дека работите би биле многу поедноставни да ги немав децата - помалку обврски, помали сметки, помали трошоци, излегувања кога сакаш и колку сакаш, излегувања со другарките, патувања кога сакаш... Но, доволно е само да ги погледнам и да знам дека ништо од тоа немаше да ми ја донесе среќата што ја чувствувам сега.

Доволно е само да им ги видам очињата за да почувствувам огромна грижа на совест зошто воопшто и сум помислила за такво нешто: „Боже, зошто сум толку себична!?“

Се стресувам и знам дека откако станав мајка, иако сум ги почувствувала и најголемите падови и имало мигови кога сум мислела дека воопшто нема да имам сила да продолжам понатаму, сепак сум најсреќната личност во светот.

Ниту еден искачен планински врв нема да ми ја донесе среќата што ја почувствував кога моите деца ги направија првите чекори. Ниту една забава со пријателите не ми ја носи радоста што ја чувствувам додека со децата трчам бесцелно низ домот и се забавувам на детски песнички. Ниту едно луксузно патување не може да се мери со шлапкањето во базен во дворот и нивната насмевка.

Да, можеби ќе имав помалку проблеми, но никогаш немаше да бидам толку многу среќна.

Тоа што станав мајка само ме научи колку сум силна како личност и дека не сум била ниту свесна колку многу љубов имало во мене. Ги гледам како растат од ден на ден, стануваат понезависни и стравувам дека еден ден ќе ја загубам сопствената цел.

Затоа што не, децата не се мојот живот, но мојата главна улога и цел не е да бидам само успешна жена, мојата главна цел е да бидам силна жена и добра мајка. И сè додека сум добра мајка јас ќе бидам најсреќната жена во светот.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg