Обожавателка во сеќавање на Тоше Проески: „Не можеше да дојде на мојот роденден, но не заборави да ми се јави – таков човек беше“

Koга сакав да се запишам на новинарство единствено Тоше ми рече: „Силванче, следи си го сонот. Никогаш не знаеш до каде ќе стигнеш, ја гледам страста во твоите очи. Од мене секогаш ќе имаш ексклузивитет за сите вести и ќе бидеш во мојот тим...“, раскажува Силвана Јовановска (33) од Скопје.

obozhavatelka-vo-sekjavanje-na-toshe-proeski-ne-mozheshe-da-dojde-na-mojot-rodenden-no-ne-zaboravi-da-mi-se-javi-takov-chovek-beshe-01.jpg

Денес се навршуваат 14 години од трагичната смрт на Тоше Проески, се сеќаваме на нашиот ангел преку текст напишан од еден од неговите најголеми фанови - Силвана Јовановска (33) од Скопје.

Го пренесуваме текстот напишан од Силвана Јовановска ексклузивно за CRNOBELO.com во целост:

„Точно 14 години живееме во свет во кој го немаме гласот и насмевката на Тоше Проески. 16-ти октомври е најтажниот ден во мојот живот, дента кога изгубив сè.

Можеби некому ќе звучи чудно, но само тие кои ја имаа честа да живеат во времето на Тоше, да бидат негови обожаватели, а потоа и пријатели знаат што навистина тоа значи. 

obozhavatelka-vo-sekjavanje-na-toshe-proeski-ne-mozheshe-da-dojde-na-mojot-rodenden-no-ne-zaboravi-da-mi-se-javi-takov-chovek-beshe-07.jpg

Му бев голема обожавателка, па го запознав следејќи го, јавувајќи му се, присуствував на сите настани и концерти, неизбежно беше да станеме пријатели. Израснав со него, сакајќи го искрено и чисто.

Со гордост, иако сега имам 33 години кажувам дека живеев во времето на Тоше Проески и правев секакви лудории за да стигнам до него. Му оставав пакети со подароци пред врата за роденден (кои тој ги чуваше во неговото приватно студио, а денеска се наоѓаат во спомен куќата во Крушево во делот со најдрагите лични работи), секојдневно „случајно“ поминував крај зградата во која живееше за да го видам, секогаш бев во прв ред на концертите, а и во бекстејџ, а тој ми возвраќаше секогаш. 

obozhavatelka-vo-sekjavanje-na-toshe-proeski-ne-mozheshe-da-dojde-na-mojot-rodenden-no-ne-zaboravi-da-mi-se-javi-takov-chovek-beshe-10.jpg

За мојот пакет за роденден се пофали и во весниците, а веднаш ми се јави на телефон за да ми се заблагодари и да ме покани на кафе. Така и беше, не само што отидовме на кафе, туку и ме врати до дома и ми пееше во кола, а јас се топев и плачев од среќа.

obozhavatelka-vo-sekjavanje-na-toshe-proeski-ne-mozheshe-da-dojde-na-mojot-rodenden-no-ne-zaboravi-da-mi-se-javi-takov-chovek-beshe-03.jpg

Не пропушташе празник, а да не пратеше порака. Бидејќи требаше да го снима евровизискиот спот во Италија, не можеше да дојде на мојот роденден, но не заборави да ми се јави и да ми пее Happy Birthday на телефон, па дури и да се извини што не е таму. Ете таков беше тој, нормален, човечен, благодарен, скромен, срамежлив поради целото тоа внимание кое го имаше. Имавме многу планови јас и тој, но животот одлучи поинаку…

Имав само 19 години кога утрото во 07:45 ме разбуди другарка ми по телефон и ме праша дали некој пред неа ми се јавил…

Јас, збунета и поспана, ништо не ја разбрав, само се сеќавам дека по неколку секунди ми ја соопшти веста која засекогаш ми го промени животот - Тоше почина!

Најтешките зборови, неверување и неприфаќање.

obozhavatelka-vo-sekjavanje-na-toshe-proeski-ne-mozheshe-da-dojde-na-mojot-rodenden-no-ne-zaboravi-da-mi-se-javi-takov-chovek-beshe-04.jpg

Откако ја повратив свеста, загушена од солзи, почнав да истражувам и да се убедувам дека е лажна вест. Се јавив кај сите новинари со очајна надеж дека веста не е точна, но од другата страна на слушалката слушав плач и врисоци, исто како мене.

Тие неколку дена секогаш ќе ми бидат во магла, бидејќи лекарствата си го направија своето, но откако се вратив од закопот во Крушево, следниот ден веќе се упатив на факултет за да си ги земам документите и да се отпишам. Зошто? Затоа што смерот новинарство го запишав бидејќи Тоше ме поддржа и ми вети дека од него прва ќе дознавам сè. 

obozhavatelka-vo-sekjavanje-na-toshe-proeski-ne-mozheshe-da-dojde-na-mojot-rodenden-no-ne-zaboravi-da-mi-se-javi-takov-chovek-beshe-05.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Бев со Тоше Проески во диско во Будва, ја откачи Гоца Тржан за да нè испочитува нас, новинарите - з... Иако цели 17 години не е меѓу нас, сеќавањата што ги имам за Тоше ми се секогаш ...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
„Леле, види ја ама се теткосала“ - Во Македонија човек како да не смее да остари, секој има коментар... Зошто судите? Дел од жените верувајте живееле потешко од вас, дел од нив се сооч...
Луѓето со невидлива пукнатина се кревки - од мал удар срцето ќе им препукне Ако чашата остане недопрена по првиот удар, втор удар дури и да не е пресилен, м...
За син ми, кој нема ниту една година, а ме научи што е безусловна љубов – Ти благодарам! За тоа што уште немаш ниту една година, а за време на својот живот направи да ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg