Девојко, во ред е на 30 да сфатиш дека прво за себе треба да гледаш, но не е оправдување да си себична

devojko-vo-red-e-na-30-da-sfatish-deka-prvo-za-sebe-treba-da-gledash-no-ne-e-opravduvanje-da-si-sebichna-01.jpg

Да, да, знам наполни 30 години и ти се случи клик во главата, сфати дека само ти си важна и никој друг.

Сфати дека ако ти не си гледаш за своето добро, никој друг нема да гледа.

И сето тоа е во ред, те поддржувам и јас сметам дека така треба да се живее.

Но, те молам не оди во крајност, а веќе тргна натаму.

Ова ти стана како оправдување за да бидеш себична.

Почна да не си стоиш на зборот, да извисуваш пријатели, да повредуваш дечковци, да ги разочаруваш родителите, само затоа што ете само ти си си важна.

Одиш во крајност и на сметка на тоа повредуваш сакани луѓе и можно е да ги оттурнеш од себе и да останеш сама.

Потоа ќе бидеш себеси најважна и единствена, но ќе бидеш и осамена и разочарана.

На крајот од денот јасно ти е дека сам не се живее. Нели?

Доста ја користеше оваа девиза како оправдување да правиш што сакаш и да не се заморуваш дали со тоа влијаеш негативно врз другите.

И нивниот живот е подеднакво важен како твојот.

Никој не ти вели да го ставаш пред својот, но барем почитувај го малку и биди достојна кон нив.

Немој да се вивнуваш во облаците мислејќи дека така треба.

Не треба.

Она старото клише кој високо лето, ниско паѓа за жал најчесто се покажува како точно.

Не си само ти, не е само твојот живот, не се само твоите желби, не се само твоите планови.

Има тука и други луѓе. Помисли некогаш и на нив.

Можеби во 20-тите беше „понемудра“ според твоите стандарди, но дефинитивно беше и подобра ќерка и подобра сестра и подобра пријателкаи подобра партнерка и подобра колешка.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg