Ако сакаш да бидеш несреќна - ќе бидеш, не ли сфати досега?

ako-sakash-da-bidesh-nesrekjna-kje-bidesh-ne-li-sfati-dosega-01.jpg

Ако се „јадеш“ 24 часа на ден, зошто не успеа во тоа, зошто немаш пари колку тој, зошто не си убава како таа,

Ако постојано целиш кон нешто друго и кон нов сон и не си дозволуваш да се израдуваш на претходниот сон кој успеа да го изреализираш,

Ако сама себе се притискаш,

Ако правиш работи затоа што мораш, а не затоа што сакаш,

Ако глумиш љубов, пријателства, насмевки,

Ако не си вистинската ти пред светот,

Ако си задаваш превисоки цели константно,

Ако се чувствуваш постојано недоволнa, недоизреализирана,

Ако се нервираш што наводно не си почитувана и ценета колку што заслужуваш,

Ако не си даваш духовен мир,

Ако не си ја радуваш душичката со работи што убаво ти прават,

Тогаш нема да бидеш среќна.

Никогаш.

Таа борба да си најдобра може да се претвори во пат до тоа да си несреќна.

Одлично е што сонуваш големи соништа и за себе си посакуваш само совршенство на секое поле.

Но, тоа е нереално.

Во нешто ќе бидеш добра, во нешто не.

На некое поле ќе успееш да се изреализираш, на друго не,

Но тоа е сосема во ред.

Сосема е во ред да си несовршена.

Биди природна, доста се притискаш.

Потсети се дека во животот приоритет е да си среќна, а дури потоа се друго.

Не се лажи сама себе,

Барем ти добро знаеш како се чувствуваш кога си сама доцна во ноќите.

Стави крај на парадата за јавност, на превисоките очекувања, на преголемите апетити, биди среќна.

Затоа што на крајот од денот само тоа е важно, зарем не?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg