Поучна приказна: На лошиот маж не губете повеќе ниту еден час од вашиот драгоцен живот
Една жена се жалела. Мажот не ѝ го честитал роденденот, ја навредувал како ѝ обично, ја понижувал.
Не ѝ купил ниту најмала ситница. Пораснатите деца ѝ испратиле само една порака и толку.
И ете ја таа седи дома и плаче. Наполнила 55 години. Таа дефинитивно не сака да приговара за ништо во животот, но овојпат ѝ се пожалила на една интернет пријателка, која не ја ни познавала лично.
Таа веднаш ја прашала: „Каде живееш?“
„Ако сакаш ќе дојдам кај тебе, ако живееш близу. На пат кон тебе ќе купам вкусни хамбургери или пица. Ќе земам некој пијалак и крцкав помфрит. И сето тоа заедно ќе го изедеме, па ќе одиме на кино.
Но, ако живееш далеку или не ја сакаш мојата посета, тогаш нарачј си го ова сама и потоа оди на кино. Нашминкај се, дотерај се, радувај му се на животот и уживај во него! Не дозволувај никој да ти го украде роденденот.
Секој ден е подарок, секој ден од животот е празник. Јас тоа добро го знам.“
Потоа, тажната госпоѓа ја прашала:
„Вие сте психолог, зарем не?“
А дамата ѝ одговорила:
„Не, јас сум медицинска сестра на одделението за интензивна нега.“
Да, ова е вистинската порака. Не си дозволувајте некој да ви украден ниту еден ден од вашиот живот. Купете си нешто убаво, одете на убаво место, дружете се и облечете го најдобриот фустан.
Ова е совет од жена која секојдневно на работа во болница гледа колку животот е краток, а колку е драгоцен.
Извор: Uspesnazena – психолог Ана Кирјанова