Жената мора да знае да готви, секогаш мора да имаш нешто спремено за мажот – е баш и не мора!

Жената мора да знае да готви. Па баш и не мора да знае. Секогаш мора да имаш нешто спремено за мажот за да јаде. Па не, не морам.

Zenata-mora-da-znae-da-gotvi-01.jpg

Јас на твоите години знаев да направам сè. И, каде е твојот орден за часовите поминати како роб во кујната?

Знаеш ли да направиш нешто друго освен пржени јајца? Знам речиси сè, но тоа не значи дека сум одговорна да ги нахранам сите од прв до последен околу мене само затоа што сум жена.

Па сигурно мажот нема да готви?! А зошто да не? Слеп е, сакат, готвењето е толку голема филозофија што и тој не може да свари 3 компири и да направи една салата?

Во време на машка и женска рамноправност кога и двајцата одиме на работа со полно работно време, некако пак се враќаме на истото – јас морам да чистам, да пеглам, да перам и да готвам, затоа што тоа е „женска“ работа. И секако, повеќе да ги гледам децата, затоа што тие си „бараат“ мајка. А туѓинецов што ги направи нека одмори.

Зошто мора да се навредуваме и понижуваме меѓусебно доколку жената не умее или едноставно не сака да готви? Во кој животен прирачник пишува дека тоа е само моја, ексклузивна одговорност?

„Маж ми ќе умре за јадење ако не му направам јас нешто“. Ајде да се обложиме дека нема да умре. Ќе излезе и ќе си купи нешто за јадење, или ќе намачка нешто на леб, или ќе свари јајца, или ќе спржи некој колбас … нешто ќе направи, ама нема сигурно да умре за јадење. Да не драматизираме беспотребно и да не си ги правиме мажите неспособни паразити.

Некои жени немаат талент за готвење. Некои пак немаат желба. И тоа е сосема во ред. Никаде не е пропишано со закон дека жената е таа што е одговорна за ручек на масата. Можеби мажот е поталентиран за готвење, а таа за други обврски во домот. Што е трагедијата обврските да се поделени според афинитетот наместо според „машко-женските“ традиционални поделби?

Ќе му падне круната на мажот ако земе и зготви нешто? Колку многу горчина слушам во тоа „не ѝ е срам, мажот да готви ручек дома?“ А зошто да ѝ биде срам? И таа придонесува подеднакво во домот, ако не и повеќе.

Кога мажот после работа тркнува во кафеанче на мезе и пијачка со другарите, тој е боем, сака да одмори, му треба да се издува некаде после долгиот работен ден. Кога жената ќе го направи истото со другарките таа е бесрамница, недомаќинка што го оставила семејството без леб на масата. Ајде сега да лееме солзи за овие идиотски двојни стандарди.

Не, не мораш да готвиш ако не ти се готви во животот. Никој нема да умре за јадење.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Текст и фото: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg