За вистинските суперхерои...

Таа никогаш не успеа да ја надмине обземеноста со суперхероите. И низ годините на живеење го бараше својот херој.

za-vistinskite-superheroi-001.jpg

Не знаеше кои точно требаше да бидат неговите моќи, но знаеше дека ќе ги препознае кога ќе го запознае...

Тој ден се најде на случување под маските. Околу неа виде мноштво од суперхерои, некои од нив ги сретна и по повеќе пати околу себе... Беа тука сите, за кои од секогаш слушаше, читаше...

И најбитно од се, ги имаше во изобилие... не беа единствени и недостапни. Се запраша... дали и овие луѓе се нечии суперхерои во секојдневието? Дали и утрото што следи после ноќта на маските тие ќе ги поседуваат моќите на суперхероите?

Се насмевна... всушност имаше и таа суперхерој... ги поседуваше сите карактеристики на суперхерој... нејзините очи го гледаа како таков... имаше моќ да направи да заборави на проблемите, на напорниот ден, на она што ја мачело и не ја оставало да спие претходната ноќ... имаше моќ да создаде ситуација кога ништо освен нив не беше битно... имаше моќ да и ги даде најпрекрасните допири и најнежните бакнежи... имаше моќ да направи да трепери и да го изгуби здивот... имаше моќ да направи да се чувствува далеку од обичното секојдневие... имаше моќ да направи да се почувсвува единствена и посебна во моментите кога беа заедно... единствено нешто што во дизниевата приказна не се вклопуваше беше тоа што тој не сакаше да ја има неа покрај себе. Да ја чува и пази, да наоѓа спокојство во неа после секојдневните сурови борби, да ја сака ... тоа ја болеше... од ден на ден се повеќе се давеше во сопствената болка...  она што мораше да го научи е да ги развие сопствени моќи за вреднување на нејзините доблести пред се и да застане цврсто со нозете на земја...

Таа никогаш не успеа да ја надмине обземеноста со суперхероите. Но, повеќе нема да го бара својот... ја запозна болката... научи дека илузијата не може да биде преточена во реалност... барем не во оваа приказна...

Дали денес е толку тешко да се најде свој суперхерој...?

В.А.

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе и ќе посакуваш таа да живееше подолго Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе. Еден ден ќе посакуваш таа да живе...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg