Како да се тушираш како жена?

Во овој краток серијал ќе претставиме две ситуации - Како да се тушираш како жена, и вториот дел Како да се тушираш како маж. За почеток, како изгледа целата ситуација кога се тушира една жена?

kako-da-se-tusiras-kako-zena-001.jpg

1. Соблечете ја облеката и ставете ја во корпата за валкани алишта. Светлите на една, темните на друга страна.

2. Ако на патот до купатилото го видите вашето момче или сопруг, покријте било кој гол дел од телото и заклучете се.

3. Погледнете го своето тело во огледало и опуштете го стомакот за да може да кукате уште повеќе за тоа колку сте дебели.

4. Влезете во кадата, или туш кабината. Земете сунѓер за миење лице, раце и грб, како и камен за стругање пети.

5. Измијте ја косата со шампон од краставица и лаванда и уште 83 дополнителни витамини.

6. Измијте ја косата уште еднаш со шампон од краставица и лаванда и уште 83 дополнителни витамини.

7. Потоа нанесете на косата балсам од краставица и лаванда, збогатен со природно кокосово масло. Оставете ја така да отстои 15 минути.

8. Мијте го лицето со крема од здробени кајсии додека не поцрвени.

9. Измијте го преостанатиот дел од телото со ѓумбир и гел за туширање.

10. Измијте го балсамот од косата (мијте го минимум 15 минути, мора да бидете сигурни дека ништо не останало).

11. Избричете се под пазувите и на нозете. Размислувате и за бричење на препоните, но решавате нив да ги издепилирате.

12. Гласно вреснете кога вашиот дечко/сопруг ќе пушти вода во тоалетот и ќе ослаби притисокот во тушот.

13. Исклучете го тушот.

14. Избришете ги сите мокри делови во купатилото.

15. Избришете се со огромна крпа. Замотајте ја косата во втор пешкир со супер впивање.

16. Пребарајте го целото тело за најмало мозолче. Нападнете го со ноктите.

17. Вратете се во спалната соба со бањарка и пешкир на главата.

18. Доколку по пат го видите дечкото, или сопругот покријте било кој откриен дел од телото и претрчајте во собата на час и половина облекување.

Продолжува: Како да се тушираш како маж?

Би можело да ве интересира:

10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Не можете да исплашите жена која научила да се бори сама Кога жената ќе научи да се бори сама, не зборуваме за физичка сила, туку за мент...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg