Се надевам дека еден ден ќе најдеш некоj што ќе те научи дека вистинската љубов не боли

Сите имаме по некој што нè повредил во минатото, што ни го скршил срцето, ама не му посакуваме лошо – му посакуваме да најде некој што ќе го научи дека вистинската љубов не боли. Сите имаме некој за кого ни е криво што не сме можеле да бидеме таа личност што ќе го научи како изгледа да бидеш љубен, затоа што не ни дозволил/а.

se-nadevam-deka-eden-den-kje-najdesh-nekogo-shto-kje-te-nauchi-deka-vistinskata-ljubov-ne-boli-01.jpg

Затоа, тебе, што си огорчен, што велиш дека никогаш не сакаш да се вљубиш, што велиш дека никогаш нема да сакаш – тебе ти посакувам да најдеш љубов. Тебе, што ги повредуваш срцата на другите, што бараш само забава за една ноќ, што глумиш дека си посилен од сè, посилен од љубовта – тебе ти посакувам некој што нема да те повреди, туку ќе те научи како изгледа да си сакан.

Да не се лажеме, сите имаме по некоја тајна, а ја имаш и ти. Те боли тоа што некој те повредил во минатото, си гледал како некој твој страда поради љубов, си искусил болка – затоа и ги повредуваш другите, за да не бидеш повреден.

Токму затоа, тебе ти посакувам да најдеш љубов, да најдеш некого што ќе те научи дека вистинската љубов не боли.

Тебе, што се скриваш зад маската на рамнодушноста, што ги отфрлаш сите можности за врска уште пред да ги започнеш, што ги уриваш мостовите за да не мораш да ги преминеш – тебе ти посакувам љубов.

Се надевам дека еден ден ќе најдеш некого што ќе те научи што значи да бидеш сакан и да сакаш.

Се надевам дека еден ден ќе најдеш некого што ќе ѕирне зад твојата маска, ќе го препознае твојот страв и ќе го изгради мостот до тебе и до твоето срце, без разлика на тоа колку е силна твојата потреба да рушиш, се надевам дека некогаш ќе најдеш некој што секогаш ќе биде до тебе и ќе те научи дека е најважно работитеда ги правиш со љубов, а не во страв.

Se-nadevam-deka-eden-den-kje-najdesh-nekogo-shto-kje-te-nauchi-deka-vistinskata-ljubov-ne-boli-02.jpg

Се надевам дека ќе најдеш некого што ќе ти помогне и ќе те научи да се сакаш таков каков што си и ќе те крене во височини. Ќе те натера да бидеш подобра личност за себеси, а не за другите.

Се надевам дека ќе најдеш некого што ќе те научи да веруваш и во себе и во љубовта. Ќе најдеш некого што ќе знае дека туѓите срца не се за кршење, туку за да им подариш љубов. Се надевам дека таа личност ќе те научи дека вистинската љубов не боли.   

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Pixapay

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе и ќе посакуваш таа да живееше подолго Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе. Еден ден ќе посакуваш таа да живе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg