Ќе му купиш 1000 нови играчки на детето, тоа ќе си тропа со дрвени лажици на стари тенџериња и ќе се радува

Од сите шолји за кафе дома, убави, неубави, скапи и евтини, тебе ти е мерак да си пиеш од таа една. Малку избледена, малку потчукната, поткршена од забот на времето. Ама ете, кафето во неа ти е најслатко, најубаво. Таа си е твојата шолја.

Ke-mu-kupis-1000-novi-igracki-na-deteto-01.jpg

Исто е и со твоето дете. Ги има сите играчки дома, ама најинтересно му е да тропа по превртените стари тенџериња со дрвени лажици. Се прашувам зошто ли му купувавме толку играчки, кога едно старо, ’рѓосано тенџере и дрвена лажица го радуваат најмногу?

Ќе прошеташ на многу места, ќе спиеш во различни хотели, во различни куќи кај роднини и пријатели кои ќе дадат сè од себе да те пречекаат најдобро што можат. И нивните кревети може да бидат поголеми, попространи и поскапи.

Ама тоа не е твојот кревет и не е твојата перница. И какво и да е, одвај чекаш да ти се вратиш онаму каде што ти мириса на дома. Таму каде што точно знаеш каде крцка твојот кревет и таму каде што перницата е твоја и не ја менуваш за ништо.

А, понекогаш не е ниту до пијалакот. Може да е најскап, најлуксузен, ама ако немаш добро друштво попусто е, ќе горчи како отров, ќе биде блуткав и безвкусен. А некогаш и најевтиното вино со најдоброто друштво знае да биде најпитко.

Кога бев во основно се измисли еден сендвич со компирчиња. Ќе прашате и со што друго? Со ништо. Леб, компирчиња, салата, кечап и мајонез. Се викаше Си-ви, ја доби етикетата „сендвич за сиромашни“, чинеше 25 денари. Се сеќавам дека бев прегладнета и мојата другарка наместо да си купи поскап сендвич, зеде 2 од овие со компирчиња, за мене и за неа, бидејќи тој ден јас немав пари.

И верувајте, уште се сеќавам на вкусот. Толку ми беше слатко и вкусно. Леб и компирчиња. Кога им кажувам на луѓето дека уште се сеќавам на тој ден и вкусот на тој сендвич се потсмевнуваат со малку презир. Денес има секакви сендвичи коишто чинат половина од просечна македонска дневница. И никој не ме израдувал како тоа си-ви на времето.

И чудно е. Најдобриот одмор не бил оној најскапиот, на најлуксузното место. Бил во најобична камп-приколка, со плажа на 10 метри од креветот, со песни и гитари под небо полно ѕвезди длабоко во ноќта.

Најомилените фармерки, оние што ги „убиваш од носење“ не се најскапите или брендираните. Тие се купени сосема случајно, без некоја посебна етикета, за смешна цена. Ама ете така, залепени ти се за срце.

Исто е и со луѓето. Не е важно што завршиле, што имаат, колку заработуваат и како се облекуваат. Тие, ете тие што знаат да се смеат гласно од срце, и да пеат, и да пијат со тебе, тие што ќе дојдат кога најмногу те боли, тие што ти ѕвонат за да те прашаат само како си, тие ти се залепиле во душата и не можеш никогаш да ги набркаш од таму.

Не е до парите. Не е до најскапото. Не е до брендот. Никогаш и не било. И сите што ја научиле оваа лекција се најсреќните луѓе на светот.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело  

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg