Другарите ми се смеат што сакам да бидам мајстор како татко ми, не сфаќаат дека заработува повеќе од сите нивни татковци

Дојде такво време да се срамиш од работа. Да ти е срам да кажеш што сакаш или што работиш. Мене од мал ме научиле дека од чесна работа нема срам. Живееме во приградска населба и откако знам за себе сите по нешто работиме.

Drugarite-mi-se-smeat-sto-sakam-da-bidam-majstor-01.jpg

Имаме ниви кои ги садиме со овошки. Имаме бавча преполна со зеленчук. Најубаво ми е кога ќе каснам нешто здраво, убаво и свежо кое самите сме го пораснале од семка.

Денес, во време кога на цена се здрави, органски производи, на некои ова им звучи смешно. Јас барем знам како сум го одгледал зеленчукот во бавчата. Дали вие знаете што јадете од продавниците?

Татко ми е мајстор од стар еснаф. На работа е од утро до мрак, особено последниве години кога очигледно е дека добри мајстори одвај да останаа во Македонија.

Работи и саботи и недели и заработува одлично. Работата е тешка, но исплатлива. И сите потврдуваат – денес е тешко да најдеш добар мајстор. Сепак, никој не сака да биде мајстор. Никој, освен јас.

Му помагам на татко ми кога можам. Сакам да го научам занаетот. На мојот одговор дека сакам да станам мајстор како татко ми, другарите ми се изнасмеаа. „Како ќе си фатиш женска ако си мајстор? Нели ти е срам им кажеш дека го работиш тоа?“

Не, не ми е срам. Не знам зошто би се срамел. Татко ми заработува одлично. Можеме да си дозволиме сè што ќе посакаме. Сепак штедиме, затоа што не знаеш што носи иднината.

Можам да си дозволам скапи патики, сепак одбирам да купувам поевтини. Затоа што знам со која мака ги заработува татко ми парите.

Знам точно колку вреди и еден денар – колку цел еден ден поминат надвор, на работа, наместо со семејството. Колку еден празник кога морал да отиде итно на повик и да сработи нешто, колку една солза која ја скрил од нас за да не видиме колку му е понекогаш тешко.

Добри мајстори нема. Ќе дојде ден кога нема да остане никој. Ќе нема кој да ви го поправи фрижидерот, ниту машината. Кој да ви ја провери електриката, кој да ви ја поправи пукнатата цевка за вода. Ќе нема кој да ви го искречи домот, ниту пак кој да ви го обнови паркетот.

И тогаш нема да биде така смешно кога ќе бараме мајстори за поправка. А не можеме сите во државно и не можеме сите да чекаме цел живот од мама и тато.

Некој мора да биде и „глупав“ и да се срами. Еве, јас ќе бидам тој. А дотогаш, ќе го учам и работам мајсторскиот занает и ќе продолжам да им позајмувам пари на другарите секогаш кога имаат потреба, заработени од мојата срамна професија.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Мајсторот го викам за поправка, а не да го угостувам – зошто веќе ми е страв да почестам со кафе и р... Мајсторот ни дојде, расчепка во таблата со осигурувачи, за еден час ја заврши ра...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg