„5 омилени фотки од моето детство“ со Васил Гарванлиев
Како мал вели дека бил „мало ѓаволче“ со опашки позади на косата. Генерациите родени во 80-тите со сигурност го помнат по неговиот хит од Златно Славејче – „Марионка“.
Васил Гарванлиев ни раскажува за неговото детство: „Бев среќен. Љубопитен. Креативен. Бунтовник. Многу си игравме во маало – секоја вечер се собиравме сигурно по 20-тина деца.
Детството ми беше исполнето со многу љубов. Најважните лекции од дома ми беа:
1. Да сакам – и да се сакам себеси.
2. Да ценам – и да се ценам себеси.
3. Да почитувам – и да се почитувам себеси.
За CRNOBELO.com ги споделува неговите 5 омилени фотки од детството:
1. Љубов (баба, Васил, Тино, дедо). Пораснав со љубов - многу многу љубов.
2. Радост (Васил, Тино, Вики). Нема нешто поубаво од среќни спомени од детството.
3. Привилегија (Раде Шербеџија, Васил). Славата од мал ми даде шанси да застанам на иста сцена и ниво со легендите во музичкиот свет.
4. Дома (Васил - промоција на албумот Мојата Ѕвезда Малечка). Каде се осеќам дома? На сцена. Оваа прва голема промоција ќе ја паметам цел живот. (Специјални гости, полна сала, луда енергија полна со музика)
5. Искуство (Марионка). 4- те фестивали пред да наполнам 10 години се искуството кое ми овозможи да имам сила и самодоверба на моите најголеми настапи до сега.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Е. П. | Црнобело / фото: приватна архива на Васил Гарванлиев