За 20 години никој нема да ги праша децата за оценките, туку како се справиле со тешкиот период за време на пандемијата
За 20 години луѓето нема да ги прашаат оние кои биле деца во 2020 како ги надоместиле изгубените часови. Нема да ги прашаат какви оценки имале, и покрај годината што ја изгубиле на училиште.
Ќе ги прашаат со љубопитност „како ти беше?“
Ќе ги прашаат „како се справи со сето тоа?“
„Како се чувствуваше? Што паметиш од сите тие денови?“
Ќе ги слушаат со воодушевување приказните за аплаузите посветени на медицинските работници.
Ќе слушаат со подотворени усти како дневните прошетки ни биле единствената разонода и забава и колку многу ни недостигал контактот со другите луѓе и друштвените собирања.
Ќе бидат зачудени од празните полици во супермаркетите, онлајн концертите, родендените прославени на компјутерските екрани и животот што го живеевме затворени дома.
Ќе слушаат, a потоа со чудење ќе речат: Леле. Сте поминале низ толку многу тежок период.
Па размислете што сакате вашите деца да научат од целата оваа измината година.
Кажете им дека не заостануваат. Кажете им дека не пропуштаат ништо. Кажете им дека се посебни и дека ќе останат засекогаш силни бидејќи го поминале ова тешко, необично време.
Кажете им дека надоместувањето на училишните часови не е најбитното нешто бидејќи тие осознале и созреале на многу поинакви начини.
Потсетете ги на забавните активности кои ги имавте заедно како семејство за време на карантинот. Чувството на сигурност и заедница во средината на целиот тој хаос.
И дозволете им ова да го понесат со себе во текот на животот што следува. Променете го наративот на приказната и дозволете таа да патува далеку.
Кажете им на децата дека тие не пропуштаат ништо. Тие се посебни. Тие се навистина посебни.