Родителите го обожавале затоа што си легнувал во соодветно време – Мечето Ушко, ненадминат херој од детството
Мечето Ушко (полски: Miś Uszatek) е полски лик од анимираната телевизиска серија со исто име. Заедничка творба е на полскиот писател Чеслав Јанчарски и карикатуристот Збигњев Рихлицки.
Првото појавување на Мечето Ушко било во полското комично списание за деца, „Miś“, на 6 март 1957 година. Меѓутоа, својата најголема популарност ја стекнало во 1975 година, кога Студиото за мали филмски форми, СЕ-МА-ФОР од Лоѓ, ја создало анимираната серија за Полската Радио Телевизија, вклучувајќи го глумецот Мјечислав Чехович, кој им го позајмил гласот на ликовите.
https://www.youtube.com/watch?v=fcNvg4FoR78&ab_channel=%D0%A2%D0%92%D0%A0%D0%B5%D1%82%D1%80%D0%BE
Во полските ранг листи за најдобра анимирана серија на сите времиња, Мечето Ушко било најчесто на второто место, веднаш зад Болек и Лолек.
Мечето Ушко и неговите пријатели – Прасенцето (Prosiaczek), Зајачињата (Króliczki) и Зајачето (Zajączek), како и Кученцето – беа обожувани од најмладите. Во исто време, Мечето Ушко, ја имало улогата на пријател од градинката.
Тоа исто така имало големи симпатии и кај родителите, бидејќи секогаш си легнувало во соодветно време, пеејќи ја приспивната песничка:
Pora na dobranoc, bo już księżyc świeci. Dzieci lubią misie, misie lubią dzieci...
СЕ-МА-ФОР направил 104 епизоди од оваа анимирана серија; а последната епизода се емитувала во 1987 година. Книгата за нашиот омилен херој, мечето Ушко, е достапна и на македонски јазик.
(О)Милена | Црнобело