Секој ден треба да е твој, а не само 8-ми Март да го живееш во спокоj…
Најчесто, на Балканот, те множат со нула, но ти можеш да изградиш и кула.
Со својот неумор, непокор и сила, заслужуваш ѕвезди, злато и свила.
А, ти, немој најчесто да се задоволуваш со ронки, тоа не е судбината на сите Македонки.
Им веруваш на коментарите лоши, на погрешни луѓе се трошиш.
И заслужуваш љубов 365 дена, а не еден цвет што брзо овена.
Ти си мудра, моќна и силна, иако многумина сакаат да те видат бескрилна.
И се бориш за место, од мигот на раѓање, животот потсетува на константно паѓање.
Но, секој ден е нова борба и ќе ти кажам нешто во доверба:
Треба да си почитувана и љубена, а не игнорирана и огрубена,
Секој ден треба да е твој, а не само 8 Март да го живееш во спокој.
И вредиш многу повеќе отколку што мислат за тебе, крени ја главата високо, помисли овојпат на себе.
И чувај си го срцето, безмилосно ти го гмечат, не дозволувај во игрите да те вовлечат.
И храни си ја душата со она што ти треба, не дозволувај никаква злоупотреба.
Ќе ти кажат – ова е твојот ден, но СИТЕ денови се твои; живеј ги во спокој, со љубов обој ги.
И не заборавај најмила, ти си најважна на светот, секој што те третира поинаку – е будала на векот.
Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
(О)Милена | Црнобело