Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вие сте причината за нечија насмевка и уште 49 добри причини за живот

Можеби понекогаш се прашувате која е смислата на животот? Дали сè е така безнадежно и црно?

50-pricini-za-zivot-01.jpg

Има ли поента да се живее? Одговорот е секогаш ДА, а ова се 50 одлични причини зошто треба да го живеете својот живот до максимум:

1. Да научите да се сакате себеси;

2.Вашето семејство;

3. Вашите пријатели;

4. Да создадете нови спомени;

5. За себе;

6. За вашите миленичиња;

7. Да се борите за некоја цел за која имате страст;

8. Да ја добиете работата од соништата за којашто сонувате целиот живот;

9. Да ги направите родителите горди;

10. Затоа што еден ден навистина ќе успеете да пронајдете СРЕЌА;

11. За да станете личноста којашто отсекогаш сте сакале да бидете;

12. Да патувате низ светот;

13. Да можете да погледнете наназад и да сфатите колку многу сте силни;

14. За да се вљубите;

15. За да имате деца;

16. За да се омажите/ожените;

17. За да дочекате внучиња;

18. За да им помогнете на другите;

19. Да си купите дом;

20. Да си купите прв, ваш автомобил;

21. Бидејќи тешките времиња секогаш ќе поминат, сè има свој почеток и крај;

22. Бидејќи животот е подарок;

23. Бидејќи некој се угледува на вас;

24. Бидејќи сте силни и може да ја пребродите секоја бура;

25. За да испробате нови работи;

26. Успешно да совладувате нови препреки;

27. Бидејќи некому ќе му недостигате многу;

28. Вие сте причината за нечија насмевка;

29. Вие сте причината поради која луѓето се насмеани во друштвото;

30. За да ги видите среќни луѓето што ги сакате;

31. За да ги совладате своите стравови;

32. За да ги пречкртате нештата од списокот со животни цели;

33. Поради вашето срцебиење;

34. Поради луѓето кои сè уште не сте ги запознале;

35. Поради целите коишто ќе си ги поставите за остварување;

36. За да се борите со внатрешните демони и да ги победите;

37. Бидејќи ќе сфатите дека никогаш не сте сами како што понекогаш мислите;

38. За да ги победите лошите навики;

39. Бидејќи вие имате цел;

40. Поради вашите таленти;

41. Постојат уште толку многу работи што треба да ги откриете;

42. За да ги надраснете работите коишто ве влечат наназад;

43. Годишнини;

44. Родендени;

45. За да ги разберете подобро другите;

46. За да можете да кажете: успеав;

47. За да го сфатите значењето и тежината на зборот: извини;

48. Бидејќи сте доволни. И повеќе од доволни;

49. Бидејќи сте сакани;

50. Бидејќи работите секогаш ќе излезат како што треба на крајот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

За сите мајки на синови.... ќе се прашувам дали те држев доволно долго Моментите со тебе ми летаат малечок. Без разлика колку и да се трудам да ги задр...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
10 причини зошто ја сакаме зимата Носиме дебели џемпери, ноќите ги минуваме стуткани под ќебе и има куп неработни ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg