Беше суров професионалец и затоа сите ја мразеа – тоа е Македонија
Таа ја работи својата професија со елан на почетник и страст на човек кој ја работи својата работа од соништата.
Таа почитува рокови, па дури и светот да е во пламен.
Таа предано ги извршува обврските, не остава ништо за последен миг.
Таа ги турка и другите да фатат темпо и да се збогуваат со летаргијата.
Таа е суров професионалец, но сите ја перципираат како лош човек поради принципиелноста во работењето и не потклекнувањето на притисоци, врски, непотизам и што уште не.
Таа е пример како треба да изгледа еден работник.
Таа треба да биде идол на многумина.
Таа е двигател и личност која неуморно работи на тоа да се придвижат процесите во нашата држава.
Таа сака правдина, заслужена плата, функционирање во согласност со законите и зададените обврски.
Но, за жал тоа во Македонија не се цени.
Тука таа е окарактеризирана како жена без живот.
Жена огорчена.
Жена што лечи фрустрации.
Жена што се изживува со другите.
Не, не, не... Таа е суров професионалец од кој многумина може многу да научат.
Барем половина од кадарот во нашата држава да беше таков, компаниите ќе цветаа.
Само во Македонија не се ценат посветените и предани работници и се чудиме што е проблемот кога ќе наидеме на таква личност.
Изгледа затоа сме таму каде што сме...
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело