Кога жената готви тоа е секојдневие. Кога мажот готви тоа е специјална пригода…

Кога жената готви тоа е секојдневие. Кога мажот готви тоа е специјална пригода.

Koga-zenata-gotvi-toa-e-sekojdnevie-01.jpg

Кога жената постила алишта тоа е нормално. Кога мажот го прави тоа е лигуш и папучар.

Кога жената се грижи за детето тоа е мајчински инстинкт. Кога таткото го носи на прошетка тој е грижлив и посветен родител.

Кога жената ќе се изнервира за нешто на работа – во ПМС е. Кога мажот ќе се изнервира на работа тој е цврст и одлучен работник кој е практично незаменлив во тимот.

Кога жената заглавува во кафеана е неприбрана растурикуќа. Кога мажот заглавува во кафеана тој е боем.

Кога жената има повеќе сексуални партнери таа е „мераклика“ (читај: ороспија). Кога мажот има повеќе сексуални партнерки тој е фраер.

Кога жената купува работи за дома таа е ненаситна. Кога мажот купува нешто за дома тој е домаќин.

Кога жената ќе ја удри колата таа е неспособен слепец. Кога мажот ќе ја удри колата тоа е ненамерна, мала незгода.

Кога жената е болна ќе стане од креветот и ќе си го продолжи нормално денот со сите обврски. Кога мажот е болен ќе легне како да дошол крајот на светот и ќе повика доктор и поп.

Кога жената ќе покаже знак на слабост таа е нестабилна и многу чувствителна. Кога мажот ќе покаже знак на слабост тој е храбар и искрен.

Кога жената има потреба да биде сама таа е депресивна. Кога мажот има потреба да биде сам тој има потреба да се „излуфтира“.

Кога жената треба да бира помеѓу мажот и родителите, таа секогаш ќе го одбере мажот. Кога мажот треба да бира помеѓу жената и родителите тој секогаш ќе ја одбере мајката.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
За мажот кој ѝ ја стискаше раката на хемотерапија (и го посакав за свој) Седеше тој со часови и со растреперен глас знаеше да ме праша: „Ќе биде ли таа д...
Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе и ќе посакуваш таа да живееше подолго Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе. Еден ден ќе посакуваш таа да живе...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Бадник и Божиќ во мојот дом во Битола – Баба ми возбудено готви, јас дотеран за во црква Паметам кога бев малечок, уште во зорите на ладното зимско утро ќе ме разбудеа п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg