Сега, кога станав мајка, сфатив: Зошто мајкa ми секогаш излегуваше последна од дома и сите ја чекавме?
Секогаш се прашував зошто каде и да одевме, мајка ми излегуваше последна од домот и постојано ја чекавме. Мислев дека ова е затоа што ѝ треба многу време да се подготви – облече, нашминка и сл.
Честопати си велев: „Аман мора ли сè да прави во последна минута?!“
Се сомневав дека не сака никаде да се појави несредена, и се прашував зошто толку многу се оптоварува за изгледот.
Денес, кога и јас сум мајка, конечно го сфатив одговорот на сите прашања.
Затоа што додека целото семејство ме чека подготвено со јакни, капи, шалови или пак спремни за на плажа – намачкани со креми, со сандали, натоварени со пешкири додека превртуваат очи што сè уште не излегувам, јас:
1. Ја подготвувам торбата и термос со топло чоколадо, шишиња со вода.
2. Подготвувам и пакувам храна за пикник затоа што на некого сигурно ќе му се пријаде додека сме надвор.
3. Проверувам дали се изгасени светлата, шпоретот, бојлерот, машините.
4. Ставам храна и вода на мачката.
5. Подготвувам „облека за секој случај“ ако некој се испоти, намокри, извалка.
6. Одам во тоалет една минута сама, без никој да ми чукне на вратата.
7. И да, конечно, си ставам и малку кармин.
И секогаш кога излегувам и го облекувам капутот додека во исто време носам торби и ја заклучувам вратата, ги слушам воздишките и коментарите „Ајде веќе, аман“ / „скапавме чекајќи“...
Мајка ми почнуваше да се спрема во исто време со сите нас, некогаш и порано, а сепак излегуваше последна. Сега, кога и јас сум мајка, јасно ми е дека таа не доцнела затоа што е мрзлива, неорганизирана, бавна или премногу загрижена за својот изглед.
Таа изглегувала последна затоа што мора да се погрижи за сè и за сите други пред да го напушти домот и пред да се погрижи за себе и својот изглед. И ова е тоа што го прават сите мајки.