Автомобилот го проверуваме еднаш годишно, зошто не сме толку одговорни за нашето здравје?

Фала му на Бога за редовните систематски прегледи организирани од работа. Не можам да набројам колку многу луѓе познавам што благодарение на нив откриле некој здравствен проблем, од нешто „занемарливо“ до битно и животозагрозувачко.

Zosto-ne-sme-tolku-agilni-koga-se-raboti-za-zdravjeto-01.jpg

Но, да не се задолжителните систематски прегледи, бидете искрени и кажете – дали би отишле да се проверите „од глава до пети“ кога се работи за вашето здравје?

Надвор од тековната ситуација со короната, колку пати сте го направиле тоа досега на своја иницијатива? Одговорот е веројатно – никогаш.

Знам, јасно ми е што нè одвраќа.

„Немам време“. Имаме време за прошетки и кафиња и викенди. За одмори и пливање, за зимување и скијање. Имаме време за правење нокти и фризури, за депилации или за просто безделничење правејќи дупка на каучот во дневната соба. Ама сè некако немаме време за здравјето.

„Кој ќе се мавта по нашите болници“. И овој дел ми е јасен. Озлогласениот „мој термин“ и „не можам да чекам толку долго“ за еден обичен преглед. Одбивањето да изгубиме неколку денови низ болничките лавиринти на крајот може да нè чини многу скапо.

Не го кажувам ова со никаква горчина. Го имам почувствува на своја кожа, преку најблиското, најсаканото. Од тоа „не ми е ништо“, „таму може да ме разболат само“, до – ви остануваат само неколку месеци живот.

Стравот. Стравот дека нешто ни е, а не сакаме да се соочиме со реалноста. Игнорирајќи ги тегобите, мислиме дека волшебно ќе исчезнат преку ноќ, кога тие само се влошуваат.

Ова особено го забележувам кај припадниците на машкиот пол. Да не се појде на преглед по ниту една цена. Предвид доаѓаат и антибиотици и неконвенционални методи на лекување и секакви тревки, чаеви и бајачки дури. Ама во болница никако.

Да, сега не е најпаметно време да се рашетуваме по болниците. Но, во моментот кога ќе заврши пандемијата (а се надевам дека тоа ќе се случи наскоро), не го занемарувајте сопственото здравје.

Појдете на редовен преглед. Проверувајте се навреме. Загадениот воздух, сомнителната храна со лош квалитет и сиот стрес си го прават своето.

А ние го занемаруваме. Сакаме да останеме силни и храбри пред останатите членови на семејството, а на овој начин се запоставуваме, се „дробиме“ додека не се разболиме. Сакајќи да ги поштедиме од болка, на крајот ќе им предизвикаме уште поголема.

Чувајте се во ова време-невреме. Ако треба да си посакаме само едно нешто, нема да се пари, ниту што било материјално. Само здравје.

Само оној што бил болен или имал некој сакан што се соочил со сериозен здравствен проблем во целост ќе ја разбере оваа желба.

Здравиот човек велат има илјада желби. А болниот само една. Здравје.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не се ставови на целата редакција на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Некогаш на учителките им носевме каранфили, денес ваучери за шопинг: Дали претеруваме за 8 Март? „Се сеќавам, кога бев во основноо, немаше натпревар кој ќе ѝ купи поубав или пос...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg