Поучна приказна: Не ја поврзувајте среќата со материјалните работи
Професорот сакал да се пошегува со своите ученици за време на едно предавање, но и да им даде мудра поука.
Тој им се обратил:
„Дали сакате да бидете среќни? Веднаш можам да ве усреќам, можам да ви подарам вечна среќа. Дали некој од вас го сака тоа?“
Многу од присутните кренале рака.
„Одлично“, продолжил професорот. „Ќе добиете среќа во замена за сѐ што имате. Дадете ми сѐ што поседувате и јас ќе ве усреќам“, им рекол тој.
Учениците биле збунети. Мислеле дека говори метафорички.
„Ви ветувам! Не се шегувам!“, сериозно им се обратил професорот.
Тогаш рацете на учениците почнале да се спуштаат и тој рекол: „Ах, не сакате. Никој не сака...“
Потоа им објаснил на учениците дека најголемата среќа ја поврзуваат со удобноста, успехот, славата, авторитетот, аплаузот, парите, уживањето и привремените задоволства, а среќата е всушност прашање на избор и одлуки.
Вистинската поука е дека треба да престанеме да ја поврзуваме среќата со материјалните работи.