Мажу, дај ми го твојот мозок на еден ден да одморам малку

Mazu-daj-mi-go-tvojot-mozok-na-eden-den-da-odmoram-malku-01.jpg

Веднаш да разграничиме - мажите не се воопшто глупави. Тие се интелигентни, практични и си го ценат своето слободно време и капацитетот на својот мозок. Еве како функционира тоа: Среќавате брачен пар кои го шетаат своето дете. Колку направи малечкиот?

Жената: Уште 8 и пол дена и ќе наполниме 11 месеци. Мажот: Расте, расте јунакот на тато.

Мажот нема апсолутно поим колкаво е неговото дете. Ниту води ментално календарче во главата, ниту пак ги пречкртува деновите на вистинско. Зошто би си го заморувал мозокот со вакви баналности? Живо ли е детето? – Живо е. Здраво ли е? – Здраво. Одлично.

Неколку години подоцна… Како му оди на детето во училиште?

Мајката: Одлично. Ама се погодија и учителките. Две се, една помлада, една постара. Славјанка е постарата, живее во Козле, со „ладна“ фризура, „стар ков“, строга, ама многу способна. Марта е помладата, 27 години, уште не е мажена, нема дечиња, па има живци за учениците.

Таткото: Добро му е… Учителките? (се чека по главата)… па, жени се. Да, учителките на син ми се жени.

Мажите биле добри во мулти-таскинг. Кој го изјавил ова, има одлична смисла за хумор. Му велиш на мажот – оди купи леб (Аха, добро) и купи и зејтин… Чекај, чекај, да запишам. Уште не си стигнала до третиот продукт, мажот веќе си запишува. Цели 3 работи за паметење, навистина се премногу.

Ти ќе меморираш список со 22 намирници, а додека си во продавницата ќе ти текне да докупиш уште 15.

Ама не, жените се хаотични, хистерични и не се перфекционисти како мажите. Душо, и јас би била перфекционист да имам само една задача во текот на денот на која ќе ѝ се посветам 5 часа. Како на пример, миењето и полирањето на автомобилот и закачувањето на цела една слика на ѕидот.

„Ама види како профи сум ја наместил. Како во галерија“. Аплаузи за тебе. Додека жената го исчистила домот, изнакупила сè, зготвила 2 ручеци, пуштила 3 машини, а испеглала 4, ти закачи 1 (со букви: ЕДНА) слика на ѕидот.

Ама види колку симетрично е поставена. А бе маж–мајстор. А види жено, работ на кошулава не ти се баш совршено испеглан.

Типичниот маж, надвор од исклучоците, за однесувањето и маките на својата жена има само 3 логични објаснувања: Во ПМС е. Има добиено. Во менопауза е.

Недај боже да го вклучи паметот малку повеќе и да размисли дали ја мачи нешто посериозно.

Женче, кога ѝ беше роденден на мама? Да, драги луѓе. Малку се родендените на нашите родители, браќа, сестри, нивните партнери, нивните деца, на пријателите, на нашите деца, на другарчињата на нашите деца, па треба уште да ги запаметиме сите овие родендени на луѓето од страната на мажот.

Нема тој време да се заморува со вакви непотрепштини. Па и ние жените премногу бараме. 3 капки од овој спреј во носот, 2 лажици од тој сируп, облечи го детето, сините патики и не ја заборавај ужинката во ранчето.

Нормална ли е женава, уште нешто можела да додаде во списокот? Кој може да запамти толку многу работи?

Ме чуди само како овие „баналности“ се непотребни и тешки за паметење, ама сите тие сложени комбинации за спортска се едноставни? Или целата статистика на Роналдо за погодени и промашени голови во сезоната. Или колку беше добар натпреварот во Лигата на шампионите во 2006, кажи, а брат?

Мажите, сепак, се многу паметни. Си поставуваат приоритети и си тераат онака како што си замислиле. Нема да ги смениш, нема да ги премислиш. На крајот од денот се повторно супериорни, бидејќи ја имаат способноста целосно да се опуштат, макар бомби паѓале надвор.

Де бре женче, аман, опушти се малку. Ајде дојди, седни до мене, да си погледаме телевизија. Ајде по едно пивце да се напиеме… Е, ајде.

Жената седнува да одмори до мажот. (Еве го тој раат за кој сите зборуваат. Уф, море не било лошо… Да си одмори човек, да си развее грижи… Децава после ќе сакаат да јадат, да им направам нешто. Имам ли доволно брашно? Ќе тркнам да купам ако треба. Утре ѝ е роденден на братучетката на Стојан, да ѝ купам некое подароче. Знам дека сака зелено, некоја убава зелена марама, на пример. Треба да почнеме да штедиме, ене го одморот кај е, за 5 месеци…).

Мажот… (нешто како да брмчи. Можеби е мува. Туу, ми го наруши раатот, што убаво си одмарам, сега и на неа ли да мислам? Да станам да ја отепам? Не, нека си летка, тоа ѝ е работа…).

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg