Се вративме назад во времето кога собиравме детска пошта (фото)

Можеби звучи чудно, но има многу луѓе кои уште од детството си ја чуваат колекцијата од шарени ливчиња т.н. детска пошта – како изгледаше вашата колекција?

se-vrativme-nazad-vo-vremeto-koga-sobiravme-detska-poshta-foto-01.jpg

Детска пошта, собирање салфетки, разменување со сликички – се сеќавате ли на деновите од безгрижното детство кога овие работи ни беа најважни?

Да собереме што повеќе сликички, да ги размениме дупликатите, да ги имаме најубавите салфетки кои си ги собиравме од сите родендени и прослави... нешто што денешните деца веројатно не можат да го доживеат.

Сите сакаат да се потсетат на тие безгрижни денови кога ги молевме родителите да ни купат што повеќе детска пошта и да останеме уште малку подолго надвор за да ги размените сите дупликати.

Па, доколку уште ги чувате детската пошта, салфетките и сликичките од детството, направете една чистка низ фиоките и шкафчињата – ќе бидете изненадени што сè ќе најдете и колку убави спомени ќе ви разбудат кутиите полни со ливчиња.

Ние се обидовме да „прочепкаме“ низ нашите кутии од детството и успеавме да најдеме детска пошта поделена во неколку категории.

se-vrativme-nazad-vo-vremeto-koga-sobiravme-detska-poshta-foto-02.jpeg

Ливчиња и сликички кои ќе ви предизвикаат носталгија по детството:

Барби ливчиња 

se-vrativme-nazad-vo-vremeto-koga-sobiravme-detska-poshta-foto-03.jpg

se-vrativme-nazad-vo-vremeto-koga-sobiravme-detska-poshta-foto-04.jpeg

Ливчиња со Дизни ликови и животинчиња

se-vrativme-nazad-vo-vremeto-koga-sobiravme-detska-poshta-foto-05.jpg

se-vrativme-nazad-vo-vremeto-koga-sobiravme-detska-poshta-foto-06.jpeg

se-vrativme-nazad-vo-vremeto-koga-sobiravme-detska-poshta-foto-07.jpeg

Ливчиња со детски ликови 

se-vrativme-nazad-vo-vremeto-koga-sobiravme-detska-poshta-foto-008.jpeg

Ливчиња и сликички од омилените серии (Млади бунтовници и Касандра)

se-vrativme-nazad-vo-vremeto-koga-sobiravme-detska-poshta-foto-09.jpg

Ве предизвикуваме да ја најдете вашата колекција и да ја споделите...

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пиевме сок од пластични чашки, жените носеа лисици на врат - Фотки кои будат носталгија по среќното ... Бевме деца седнати пред телевизор и секоја вечер во 7 чекавме да почне цртаниот ...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg