Те фатив за дечко - сега имаш забрана за другарки, а пиво со другарите може 3 пати годишно
Конечно успеав во мисијата. Те фатив за дечко.
Сега си моја сопственост. Сега си комплетно мој.
Повеќе немаш право на индивидуалност. Носење на одлуки сам и организирање на своето време? Ниту во најлуд сон.
Јас ќе се грижам за тебе мил мој!
Отсега јас сум ти доволна. Нема повеќе да одиш на собиранки со колегите од работа, а ооособено со колешките.
Другарки не може да имаш. Па, и баба ми знае дека не постои машко-женско пријателство. Откачи ги, нека не ти ѕвонат, не ме интересира.
Другарите? Ај со нив смееш да се гледаш, ама на пиво 3 пати годишно ти е доволно.
Плус, и двајца од нив воопшто не ми се допаѓаат. Ќе треба да го прекинеш контактот со нив. Не можам да ги поднесам органски.
Сакаш почесто да ги гледаш? Добро, може ама строго во парови да шетаме или дури и ако сте само мажи и јас да бидам присутна.
А, што си зборите кога сте заедно? Сигурно манијачите други женски.
Леле, тој едниот ти е женкар, пази да не те расипе.
Не им верувај. Сите ти мислат лошо. Само јас ти мислам добро.
Те сакам до небото и назад. Треба да си среќен што ме имаш.
Зарем не сум ти доволна?
Ти се лутат од работа што не сакаш да се дружиш со нив? Другар ти ти се скара, а другарката од детство те избриша од живите?
Па, што се заморуваш. Нека кршат глава. Јас сум тука. Не ти требаат они. Сите се никакви.
Сакаат да ни ја расипат љубовта. Ни љубоморат колку сме среќни.
Е, сега ако еден ден раскинеме и останеш сам и сите веќе имаат кренато раце од тебе, мисли му ја како во животот без пријатели.
Па, и да не раскинеме ќе си бидеш моја сопственост со крајот на животот. Јас и ти против светот.
Ах, љубов моја! Што, те гушам?
Ах, пак некој ти зборувал против мене! Ти кажав другарите, другарките, колегите сите ти се никакви!
Те сака,
Твојата девојка од пеколот
Упатство како НЕ ТРЕБА.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Автор: С. С. | Црнобело