Ако те повредил не му давај шанси жено, ќе ги прокоцка сите до една!
Зошто залудно се надеваш дека во слабак се крие херој? Залудно ти ветува. Нема да си стои на зборот. Повторно. Еднаш потфрли. Ќе потфрли пак.
И нема да биде поинаку, верувај ми.
Залудно ти ветува.
Нема да си стои на зборот. Повторно.
Еднаш потфрли. Ќе потфрли пак.
Немаше храброст тогаш. Нема да има ниту сега.
Моќно му звучат ветувањата. Но, свесна си и самата празни му се зборовите.
Планините што ги ветува. Нема да ги видиш.
Среќата што ја ветува. Ќе ја намирисаш, но нема да ја почувствуваш. Затоа што тој ќе се врати на старото.
Тоа му е во крвта. Посилно е од него самиот. Неговиот внатрешен демон или неговата слабост подложна на надворешните демони, сеедно.
Ќе те разочарува одново и одново. И ќе ѝ даваш ти шанси на љубовта. Повеќе од што срцето може да ти издржи, повеќе од што телото може да ти поднесе.
Повторно ќе се чувствуваш лошо. Ќе се обвинуваш самата што немаше храброст да ставиш крај.
Колената ќе ти бидат несигурни, душата ќе те боли, очите ќе ти отечат од плачење. Затоа што ќе те разочара повторно.
Ја нема тој силата што тебе ти е потребна. Го нема тој карактерот, кој да се носи со твојот ќе може.
Слаб е. Нема самоконтрола како ти. Ти знаеш дека твојот живот е во твои раце.
Но, тој верува дека работите треба да одат како ни е пишано во картата на судбината. Сето тоа е премалку за тебе.
Те разочарува неговата немоќ сам да ја креира својата судбина. Заедно сами да го кроите вашиот живот.
Нема сила да ги грабне конците од својот живот. Своите слабости секогаш ги припишува на трети фактори.
Милион оправдувања. Уште исто толку пати потфрлувања на дело.
Сè посочува на тоа дека толку слаба личност не може да биде вистинската за тебе. Зошто тогаш му даваш шанси повторно?
Зошто залудно се надеваш дека во слабак се крие херој?
Некои луѓе едноставно не го носат во себе тоа што го носиш ти. Остај ги тие нека си се пронајдат.
Најди си ти некој со душа и ум моќни како твоите. Само таков заслужуваш.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело