Сродната душа не ве комплетира, туку ве инспирира самите да се комплетирате себе

Сродна душа. Прекрасен термин кој го користиме за личност која нè прави комплетни. Но, вистинската сродна душа е нешто сосема друго.

srodnata-dusha-ne-ve-kompletira-tuku-ve-inspirira-samite-da-se-kompletirate-sebe-01.jpg

Вистинската сродна душа е вашата инспирација да се комплетирате себе.

Сродната душа нема да ви суди, туку ќе ги проучи најситните делчиња од вашата личност и точно ќе знае зошто ве сака. За сето тоа време, ќе стои до вас. Ќе ве гледа како се борите со внатрешните демони и ќе ве храбри да се изборите до крај.

Сродната душа ќе ве предизвика да си поставувате предизвици. Ќе го гледа вашиот потенцијал и точно ќе знае за што сè сте способни. Ќе ви ги отвори очите и ќе ви ги сервира фактите, за да сфатите колку сте моќни како личност. Ќе ве гледа на начин на кој никогаш не сте се погледнале себе и нема да се плаши да ве инспирира да го видите тоа.

Вашата сродна душа нема да се плаши од вашето растење, туку ќе ви помогне да бидете големи колку што заслужувате да сте. Никогаш нема да приговара на тоа зошто се менувате, туку ќе се прилагоди на промените, знаејќи дека и вие ќе го направите истото.

Затоа, не, сродната душа не ве прави комплетни. Сродната душа ве учи да се комплетирате самите и останува со вас и кога сте силни и кога сте слаби, сè додека не бидете среќни со тоа што сте и додека да го постигнете она што отсекогаш сте сакале да бидете.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg