Време е да си простите себе што некогаш сте прифатиле помалку отколку што заслужувате

Сите сме свесни колку простувањето е важно, кога сакаме да спасиме некој однос или да го задржиме мирот дома. Но, дали сме спремни да си простиме себе во иста мерка?

vreme-e-da-si-prostite-sebe-shto-nekogash-ste-prifatile-pomalku-otkolku-shto-zasluzhuvate-001.jpg

Време е да си простите што некогаш сте прифатиле помалку отколку што сте заслужувале. Што сте бакнувале усни за кои сте мислеле дека се рози, но излегло дека се трња.

Време е да си простите што дел од својата душа сте дале на некој кој не го заслужил тоа и кој никогаш не го ценел. Простете си и за тоа што имате надежи и верба за љубовта.

Простете си себе и за луѓето кои заминале, а не го заслужиле тоа. За оние кои не се бореле и за оние кои направиле да мислите дека не сте вредни за сакање. Време е да си простите и за тоа што сте верувале на погрешни луѓе и што тие уште постојат во вашите спомени.

Навистина е време да си простите за сето ова, за согласувањето на помалку отколку што реално заслужувате. Да сфатите дека сте сакале безрезервно дури и кога заминувале од вас, без да ја осознаат вашата суштина.

Простете си и почнете да верувате дека во светот постои нешто што ве чека. Постои љубов, постои успех, постои цел, постои и личност која ќе знае да ве цени и да ве сака поради она што сте.

Не се враќајте во рацете на оние кои ве скршиле, бидејќи тие не знаат да ве ценат. Барајте љубов која зборува, која прави да бидете подобра личност и која ве инспирира.

Таа ќе дојде.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
„Држи мe цврсто за рака“: Приказна за љубовта меѓу ќерката и таткото „Ако јас те држам за раката и нешто ми се случи, големи се шансите да ти ја пушт...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg