Mора да минеш низ најлошото во животот за да го цениш најдоброто - нема поинаку

Запомни... Секогаш е најтемно пред зори. Прифати ги трагедиите како дел од животот и учи од нив. Тие те прават посилна личност.

ponekogash-mora-da-minesh-niz-najloshoto-vo-zhivotot-za-da-go-cenish-najdobroto-nema-poinaku-01.jpg

Животот е непредвидлив и никогаш не знаеш што има зад аголот.

Сфаќаш дека на патот те чекаат многу трауми. Ќе го имаш првото лажно пријателство, првото раскинување, првата кавга. Ќе паѓаш и ќе сакаш да се откажеш. Ќе ти изгледа дека тоа е полесниот начин. Ќе бидеш под огромен притисок и ќе ти изгледа полесно да ја прифатиш суровата реалност, отколку да се бориш со неа.

Но, некако ќе пронајдеш храброст и сила за да се извлечеш. Ќе се справиш на нозе. И ќе бидеш решен да се спротивставиш на сè. Наместо да пукаш под притисок, ти ќе му дозволиш на притисокот да те трансформира во посилна личност. Ќе сфатиш дека има лекција во секоја трагедија.

Но, животот ќе те турне повторно. Ќе те удри кога најмалку очекуваш и лошо ќе паднеш. Ќе бидеш подолу од претходно.

Само што овој пат подготвен си да се кренеш и да продолжиш да одиш, без разлика што на себе можеби имаш кал. Сега си отворен, издржлив воин со многу вештини кои си ги развил во текот на годините. Имаш алатки за да си помогнеш. Храбар си доволно да ги надминеш пречките што те заплашуваа.

Твојот страв се трансформираше во самодоверба. Твојата несигурност се трансформираше во одлучност. Сега си нова личност.

Нешто направи „клик“ во твојот ум и ти сфати дека понекогаш треба да минеш низ најлошото за да го цениш најдоброто.

Без разлика дали станува збор за љубов, пријателства, работа, семејство, лични бури, поради тие мрачни и бурни денови ќе ги цениш повеќе сончевите и убави денови.

Запомни дека животот постојано ќе те предизвикува на ужасни начини, но комплетно од тебе зависи како ќе се справиш со тоа. Дали ќе научиш од мигот или ќе му дозволиш да те уништи. Ти самиот си одговорен за својата среќа.

Доста копнееш по среќен крај. Во животот не станува збор за дестинацијата, туку за уживањето во целото патување. Прифати ги трагедиите и учи од нив затоа што тоа е единствениот начин да пораснеш.

Запомни... Секогаш е најтемно пред зори.

Извор

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg