Најсилните жени се чувствуваат најскршено однатре

Таа има силна волја и страстна е. Не дозволува ништо да влијае на неа. Во животот доживеала кршење на срцето, имала професионални падови, нефункционални врски. Разочарувања. Грешки.

najsilnite-zheni-se-chuvstvuvaat-najskrsheno-odnatre-01.jpg

Сепак, таа има блескава насмевка на лицето, како ништо да не се случило. Таа ги расположува и другите. Им го осветлува денот. Како да има неограничена доза на љубов за сè околу неа.

Луѓето ја гледаат и мислат дека таа има сè. Животот ѝ е под ред. Силна е и успешна. Но, не знаат дека тоа е делот од неа што таа одлучила да го покаже.

Да, таа има цврст став и непоколеблива е. Но, никој не знае како ѝ е внатре. Никој не би можел да ја издржи болката што таа ја носи внатре.

Во текот на денот е дотерана, зрачи со енергија, има насмевка на лицето, но навечер се бори да ги состави деловите. Кога легнува во креветот нејзините кошмари доаѓаат на сцена.

Ги голта солзите и болката ја покажува само кога е сама во собата. Тогаш ѝ дозволува да тече. Сака да страда во тишина. Не сака да му ги покаже своите слабости на светот. Таа се плаши да ја соблече својата душа и да им ја открие на другите.

Луѓето ја опишуваат како гласна и ведра девојка. Ја сметаат за сончева светлина, за решавач на проблемите, за вистинскиот човек за совет кога не им оди во животот. Затоа што таа секогаш знае што да направи.

Тие очекуваат од неа секогаш да биде прибрана затоа што сметаат дека неа ништо не може да ја скрши.

Ги слуша внимателно дури и кога сака да вресне од дното на душата и да им каже дека тие немаат поим што се вистински проблеми. Но, се смирува и само слуша. Таа разбира и се обидува да биде добар пријател.

Потоа си вели „ниту еден од моите проблеми не треба да биде нивна грижа“. И кога ќе влезе дома нејзините демони почнуваат да ја измачуваат. Нејзиниот сјаен оклоп всушност не е непробоен и таа се судира со штетни емоции кои ја уништуваат.

И кога меланхоличните часови ќе настапат, си повторува дека е моќна и храбра и секој ден одлучува да продолжи понатаму. И покрај тагата. И покрај грижите.

Таа е силна затоа што успева да ја преживее суровоста на овој свет и да остане на нозе со насмевка.

И за тоа потребна е голема доза на храброст.

Извор

Би можело да ве интересира:

10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
И кога имате над 50 години не запирајте - животот допрва почнува Во минатото жените на таа возраст плетеле чорапи и полека почнувале да одат на г...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
Најубавите пораки за 8 Март што можете да им ги испратите на жените во вашиот живот „Кога помислувам на силна жена, помислувам на тебе. Ти си мојот суперхерој кој с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg