Мажите се како...
Изгледа ни тргна со мудриве изреки и заклучоци за мажите и жените. Ако имате уште нешто што не сме објавиле слободно испратете ни..
Ова се уште некои заклучоци донесени од страна на жените:
1. Мажите се како годишен одмор. Никогаш не траат доволно.
2. Мажите се како банани. Колку се постари толку се помеки.
3. Мажите се како времето. Не можеш ништо да направиш за да ги промениш.
4. Мажите се како кафето. Најдобри се топли, јаки и оние кои те држат будна цела ноќ.
5. Мажите се како компјутер. Тешко е да ги разбереш и секогаш им фали меморија.
6. Мажите се како реклама. Никогаш не треба да им се верува ниту збор.
7. Мажите се како снежна бура. Никогаш не знаеш кога ќе дојдат, колку сантиметри ќе имаат и колку ќе траат.
8. Мажите се како фотокопири. Служат само за репродукција.
9. Мажите се како паркинзи. Сите добри се зафатени, а останатите се резервирани, или се наплаќаат.