Знаеш, всушност љубов е да сакаш да ја направиш среќна!

Љубов е... да ја прегрнуваш силно кога очите на тага ѝ мирисаат, а таа молчи.

znaesh-vsushnost-ljubov-e-da-sakash-da-ja-napravish-srekjna-01.jpg

Не е љубов да ѝ нагласуваш што сѐ си направил за неа,

Не е љубов да ѝ правиш споредби колку повеќе се вложуваш во врската од другите мажи,

Не е љубов да ѝ велиш дека сите желби и каприци ѝ ги задоволуваш,

Не е љубов да ја прегрнеш кога ќе ти каже дека има потреба од тоа.

Љубов е да сакаш светот да ѝ го подариш на дланка,

Да правиш работи за неа затоа што сакаш, а не затоа што така треба,

Да ја прегрнуваш силно кога очите на тага ѝ мирисаат, а таа молчи,

Да ѝ кажеш дека сѐ ќе биде добро, дека заедно сте непобедливи,

Да сакаш да ѝ бидеш најголема потпора во животот,

Да ѝ покажеш дека не сакаш кога ја немаш,

Да ја направиш свесна дека си среќен што токму тебе те љуби.

Љубов е кога исполнувањето на нејзините желби ти е музика за душата,

Кога топло ти е на срцето затоа што знаеш дека за таа нејзина насмевка ти си виновникот,

Кога не ја разбираш ама ја поддржуваш,

Кога ѝ покажуваш дека таа ти е приоритет во животот,

Кога правиш животот да ви е лесен како пердув,

Кога не претвораш сѐ да биде тешко како искачување на планина со бездни,

Кога не бараш аплауз за секое добро сторено дело за неа,

Кога солзата на нејзиното лице ти е најголема казна,

Кога неправдите што ѝ се случуваат ги чувствуваш како свои,

Кога не ја рушиш нејзината замисла дека бајките се возможни.

Знаеш, всушност љубов е да сакаш да ја направиш среќна!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С.| Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg