Поучна приказна за љубовта и трпението
Десетгодишно момче седнало во слаткарница. Келнерката дошла да го послужи.
„Колку чини порција сладолед со 2 топки сладолед?“, ја прашало момчето.
„100 денари“, му одговорила келнерката.
А колку чини две топки сладолед во корнет за носење?
Тогаш во слаткарницата почнале да доаѓаат други гости и келнерката почнала да го губи трпението.
„80 денари“, грубо му одговорила.
Момчето уште еднаш ги пребројало парите и ѝ рекло:
„Донесете ми тогаш сладолед во корнет.“
Келнерката му го донела сладоледот и сметката. Момчето го изело сладоледот, платило на касата и си отишло.
Кога келнерката се вратила да ја избрише масата каде што седело момчето, почнала да плаче. На масата момчето ѝ оставило 20 денари бакшиш.