Игри на тетратка кои го исполнија нашето детство

Сите го паметиме другарчето кое седеше до нас во основно, и сите ние се сеќаваме на незаборавните игри со кои ја убивавме досадата за време на часовите.

igri-na-tetratka-koi-go-ispolnija-nasheto-detstvo-001.jpg

Да се потсетиме на игрите кои беа играни во нашите тетратки, кои го исполнија нашето детство:

Авиони

Ова е игра во која на лист хартија, се цртаат 5 авиончиња. Листот е поделен на средина, а целта е да го погодите авиончето на противникот. Не мора да се каже дека кој прв ќе ги погоди сите противнички авиони победува.

Како се гаѓа? На вашата половина од листот цртате точка и ја повторувате убаво за да се отцрта од другата страна. Го преклопувате листот и ја повторувате истата точка од надворешната страна.

Таа точка остава траг на местото на кое што сте погодиле.

Пожелно е оваа игра да се игра со две различни пенкала (со различна боја).

Olimpiski-igri-na-tetratka-najdobrite-igri-na-tetratka-koi-go-ispolnija-naseto-detstvo1.jpg

Икс-нула

Едноставно, ова е класика. Се работи за најнормалната икс-нула која најчесто се играше или на табла или во тетратка. За оние кои не знаат или не се сеќаваат (ако постојат такви...) оваа игра се игра на следниов начин:

Едниот играч ги запишува иксовите, а другиот нулите, на полето кое е во форма на тараба. Кој прв ќе успее да поврзе три икса или три нули, победува.

Olimpiski-igri-na-tetratka-najdobrite-igri-na-tetratka-koi-go-ispolnija-naseto-detstvo2.jpg

Брза географија

Една од најосновните друштвени игри во основно школо (па можеби и понатаму), за оваа игра ви се потребни листови, пенкала и знаење.

На листовите, најпрво се внесуваат неколку категории за кои ќе се договорите дека ќе бидат опфатени, а потоа се влечат букви, и треба да напишете по едно име во секоја категорија за дадената буква. Потоа следи бодувањето.

Olimpiski-igri-na-tetratka-najdobrite-igri-na-tetratka-koi-go-ispolnija-naseto-detstvo4.png

Бесилка

Уште една класика (не дека не се сите) на оваа листа. Најубаво се игра кога пред да започне играта ќе се договорите за категориите кои ќе бидат опфатени, а потоа знаете како оди... играчот кој го смислува поимот треба да нацрта празна бесилка и да внесе онолку празни цртки колку што има букви зборот.

За секоја промашена буква на неговиот противник му се црта дел од телото на бесилката, а кога ќе се нацрта цело човече, погодувачот губи.

Olimpiski-igri-na-tetratka-najdobrite-igri-na-tetratka-koi-go-ispolnija-naseto-detstvo5.jpg

Бонус:

Погоди кој сум

Можеби не се игра на тетратка, но може да ја вброиме во овој тип на игри кои ги обожававме како деца, а за неа ни требаше само хартија и пенкало.

Најпрво се определува категорија од која играчите ќе бираат луѓе. Потоа еден од групата замислува личност, ја запишува на ливче и ја лепи на челото на оној кој треба да погодува.

Човекот кој има ливче на чело прашува разни прашања, додека другите му одговараат со „да“ и „не“. Редот не се менува додека човекот не го погоди точното име и презиме кое му е напишано на челото.

olimpiski-igri-na-tetratka-najdobrite-igri-na-tetratka-koi-go-ispolnija-naseto-detstvo-2-2.jpeg

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Се сеќавам на маалото од моето детство – Си игравме на неасфалтираната улица, се криевме во гаражата... Кога сега ќе погледнам што сè е останато од моето маало, се запрашувам дали стан...
„Бев со Тоше Проески во диско во Будва, ја откачи Гоца Тржан за да нè испочитува нас, новинарите - з... Иако цели 17 години не е меѓу нас, сеќавањата што ги имам за Тоше ми се секогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg