Модерни дефиниции

Го надополнуваме фондот на евергрини со уште неколку интересни модерни дефиниции.

moderni-definicii-001.jpg

Што е канцеларија? Тоа е место каде што можете да се опуштите после стресниот период поминат дома.

1. Училиштe
- Место каде што родителите плаќаат за децата да си играат.

2. Животно осигурување
- Договор кој те осиромашува цел живот, за да можеш да умреш богат.

3. Медицинска сестра
- Личноста која ќе те разбуди за да ти даде апчиња за заспивање.

4. Брак
- Тоа преставува договор помеѓу маж кој ја губи својата факултетска диплома и жена која добива магистерска диплома.

5. Развод
- Идно време од Брак.

6. Солзи
- Хидраулична сила од која машката сила на волјата е потчинета од женската сила на волјата.

7. Предавање
- Уметност на пренесување информации од белешките на Предавачот до белешките на студентите без продирање низ „мозоците на ниту едните“.

8. Конференција
- Конфузијата на еден човек помножена со бројот на присутни.

9. Компромис
- Способноста за сечење торта при што секој верува дека го добил најголемото парче.

10. Криминалец
- Личност која не е поразлична од другите, освен што го/ја фатиле!

11. Директор
- Некој кој подранува кога вие доцните, а доцни кога вие подранувате.

12. Насмевка
- Крива моја може да исправи многу работи.

13. Канцеларија
- Место каде што можете да се опуштите после стресниот период поминат дома.

14. Искуство
- Име кое луѓето им го даваат на своите грешки.

15. Филозоф
- Будала кој се мачи целиот живот за да биде мудар откако ќе умре.

16. Зевање
– Eдинствената шанса оженет човек да отвори уста.

17. Итн.
– Потреба да оставите впечаток дека знаете повеќе отколку што кажувате.

18. Татко
– Банкар даден од природата.

19. Атомска бомба
– Иновација која ќе ги уништи сите останати иновации.

Би можело да ве интересира:

Омиленото годишно време открива какви сте во љубовта (но и каков ви е карактерот) Многу работи го дефинираат начинот на кој луѓето сакаат и се однесуваат во љубов...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg