Одиме на трето и се надеваме на машко, па нема цел живот да работиме за влошки!

„Девојче е!“, процедува пријателката низ заби, така некако тажно и несреќно, мислиш ѝ се урнал и пеплосал целиот свет под нозете.

Odime-na-treto-masko-01.jpg

„Леле, колку убаво, само да е жива и здрава, да ви носи радости. Две сестрички, ќе си се дружат и чуваат. Срциња“.

„Не знам, некако не ни е по ќејфот… маж ми има многу мерак за машко, пукна значи. Ќе одиме и на трето дете за машко. Трета среќа, а ако не испадне дури размислувам и да абортирам. Знаеш, машко си е машко… маж ми на шега вели – па нема цел живот за влошки да работиме бе жено! Хе хе“.

Маж ти има очајна смисла за хумор, а тоа што ти ја споделуваш истата само докажува колку си плитка и празноглава. Одеднаш ми се гади од тебе, од него, од вас и не ве сакам повеќе во мојот живот.

Впрочем, не сме пријатели повеќе, не можам да бидам другар со некој кој има вакви размислувања во денешниот свет во кој живееме.

Здраво 21 веку, здраво племе кое не излегло од пештерата со закоравените размислувања!

Кога ќе размислам колку многу двојки водат битки со неплодноста, ми доаѓа да урлам. Бесна сум, гневна што постојат вакви монструми кои ја имаат предвид опцијата абортус само затоа што наследникот на господинот маж не е од неговиот пол, додека други ќе се премолат за едно здраво право бепче.

Сериозно, дали сте нормални? Секако, ова е реторичко прашање, повеќе од јасно е дека не сте.

Не сте излегле од мајчина утроба, не бдеела мајка ви над вас додека сте биле болни и мрсулави?

Од каде ви извира сета таа омраза кон жените? Зошто воопшто сте се женеле, зошто воопшто имате девојки ако сте толку големи шовинисти и мислите дека сте најдобри, најсилни, најпаметни и можете сами да опстоите на светов и веков?

Ова не е изолиран случај и за жал, локацијата и времето се тука и сега, а не во 1918 година.

100 години подоцна машкиот род сè уште има потреба да ја покажува својата доминација и да диктира што излегува од женската матка.

Женските деца за некои се непосакувани, залудно потрошени сперматозоиди, нема аир од нив, нема фајде, не ги бидува за ништо.

Несакани дечиња преку кои ќе се ослободиме со селективни абортуси или уште полошо – ќе им дозволиме да го видат светлото на денот и ќе им го направиме животот пекол, само затоа што немаат машки полов орган.

По ѓаволите со вас и вашата неукост и затупавеност! По ѓаволите со тие што ве воспитувале и ве задоиле со гнев и омраза. По ѓаволите и со вас жени што трпите вакви мажи, што сте ги одбрале за животни сопатници и што ги споделувате нивните непромислени, несолени, шовинистички шеги!

Кога ќе помислам дека сме еднакви единки во општеството и вие имате право на глас како и секој нормален човек, уште толку ми се згадува.

Нека ви се гади и вас од женското злато чие срце чука во стомакот на вашата сопруга.

Работете на трето, и на четврто и на петто дете и помолете му се на Господ да ви прати еден јунак со кого ќе играте фудбал, бидејќи тоа е најважната работа на светот без кое животот на еден маж не е доволно вреден и исполнет.

Само немојте да се разочарате кога ќе бидете стари, болни, истрошени и уморни и кога женското чедо ќе дојде да ви донесе јадење и да ви смени катетер.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg