Не дај Боже да имам ќерка!

Петок, ставив мек, топол кроасан во чинијата, неколку парчиња кашкавал и си ставив свежо цеден сок во чашата. Се упатив на долгата маса во кантината, сакав за паузите од работа да седам таму бидејќи често имаше доста луѓе, а телефонот намерно го оставав во канцеларија, не сакав да ја минам паузата на социјалните мрежи.

ne-daj-boze-da-imam-kerka-001.jpg

Како последен работен ден, имаше малку луѓе, некои можеби го споиле викендот, а некои можеби го фатиле патот малку порано, фирмата дозволуваше доодработка на часовите, сигурно ќе се форсираат во понеделник.

На долгата маса седеше една моја блиска колешка и веднаш започнавме разговор, не забележувајќи дека со текот на времето се наполни кантината и се наполни целата маса со десет столчиња. Лево од нас седеа двајца мажи коишто ги гледавме за првпат, можно беше да не беа вработени во фирмата, бидејќи многу често во нашата кантина која беше прочуена по своите јадења доаѓаа и луѓе однадвор само за да ги пробаат.

Тие водеа еден мошне интересен разговор, кој мене ми го привлече вниманието, ама немав намера да се вмешам, но познавајќи дека седам на масата со жив оган знаев кој ќе биде епилогот.

„Не дај Боже да имам ќерка!” рече едниот маж, кој изгледаше дека е во своите рани триесетти, сигурно свежо оженет. Другиот го погледна со прашалници и го запраша зошто?

„Погледни што се случува, вчера во дискотеката зарем не ги виде тие малолетнички што правеа. Како играа провокативно со постарите мажи во клубот. Да не зборувам за оние кои ги изневеруваа своите дечковци и сопрузи, а на крајот на програмата колку девојки само беа изневерени од своите момци таа вечер. Некако ми изгледа како доста комплицирано. Момче си е момче, се знае, едноставно е. “

Тој не дозаврши ставајќи точка на својата реченица, кога мојата колешка влета во разговорот.

„Јас се извинувам но ние оваа маса ја викаме маса на разменување мислења, па затоа слушни ме убаво што ќе ти кажам. Уште еднаш да не си ја повторил таа шовинистичка реченица, бидејќи е многу ограничена и проста. Девојката, односно како што викаш ако имаш ќерка, ако ти даде Бог, ќе ја воспиташ така правилно што ќе ѝ ги дадеш вистинските вредности во животот.

Јас не велам дека надвор нема жени кои се жив срам за својот род и не се свесни колку го допираат дното, но да бидеме реални има и многу мажи за кои може да се каже истото, само ние некако сме поетикетирани.

Да се вратам назад, ќе ја научиш што се семејни вредности, самопочит. Ќе ѝ кажеш да не трпи идиотско однесување од својот дечко или сопруг. Едноставно ќе ја научиш да биде горда и достоинствена, да се бори за себе, за своите сни, верувања, да биде успешна и да не зависи од никого.

На тој начин сигурно нема да се посрамоти себеси, нема да те посрамоти ниту тебе ниту твојата фамилија, а нема да дозволи да биде будала манипулирана од некој сељак кој не знае каде тера во животот.

Можеби бев премногу груба со мојот исказ, но генерализирањето е многу лоша работа. Не се сите такви и не се сите исти, за жал преовладува таквото однесување по клубови, но ете јас ти велам имам ќерка на која се гордеам, затоа ништо не вели. Најчесто добиваш она што не сакаш. Нека биде живо и здраво, така ќе кажеш, а за другото ќе се погрижиш ти самиот,” рече таа со гордо крената глава.

Колку и да беше или не беше во право, човекот остана со подзината уста. Ја разбирав неговата грижа, но исто така верував дека може човек да се изведе на вистинскиот пат и покрај сите тие лоши патишта кои доаѓаат попреку.

Луѓето знаеа да проценат што е добро, а што не, ако знаеа правилно да расудуваат, затоа ние бевме тука да им дадеме светло на сопствените деца кога ќе настане мрак. Момче или девојче, пороци има многу, случки милион, наше е да ги научиме да се справуваат со нив.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg