Во мистериозниот свет на женската психологија: За кого се облекуваме?

Замислете си ја следнава ситуација. Се подготвувате за вечерно излегување со вашите пријателки. Ќе одите на вечера, можеби еден коктел, можеби два, можеби ќе завршите во некој ноќен клуб. Ladies night и нема правила нели? 

vo_misteriozniot_svet_na_zenskata_psihologija_za_kogo_se_oblekuvame_01.jpg

Започнувате да се подготвувате, се мислите што и како да облечете, со што да искомбинирате, па можеби новиот фустан нема да ви одговара со омилените потпетици, па можеби ќе треба да играте, а новите потпетици не се соодветни за такви подвизи. Хм... Одлуки, одлуки... Понекогаш е толку тешко да одлучиш што да носиш, што на крај завршуваш со стариот, но добар евергрин „Немам што да облечам“.

И иако тоа никогаш не е така, интересен е феноменот кој ви го предизвикува тоа чувство. А тоа е длабоко поврзано со насловот на овој текст - ЗА КОГО СЕ ОБЛЕКУВАМЕ?

Многу често се вели дека жената се облекува за да добие внимание од спротивниот пол. Но, мојата феминистичка природа секогаш ја мрази оваа фраза. Лично јас никогаш не би се облекла за да привлечам внимание на друга личност, без разлика дали се работи за спротивниот пол или припадничка на женскиот.

Не можам да го оспорам фактот дека има многу жени кои сè уште се облекуваат само за да привлечат туѓо внимание. Што е погрешно на толку многу нивоа. Но, без разлика која е вашата причина, науката вели дека најголем процент од женската популација се облекува само за да го привлече вниманието на припадничките од истиот пол. Повеќе сакаме кога некоја жена ни љубомори на нашиот изглед отколку нашиот партнер да каже дека изгледаме неверојатно.

Ама искрено мојата цел не е ни едното ни другото. Напротив, никогаш не треба да дозволиме туѓите мислења да го диктираат начинот на којшто се облекуваме. И повеќе од тоа никогаш не треба да дозволиме туѓите мислења да го диктираат начинот на кој се однесуваме.

Доколку се цензурираме и не дозволуваме да блеснеме во нашиот потполн сјај тогаш која е целта? Каков би бил нашиот живот ако се ограничуваме поради туѓите мислења?

Не знам која е вашата причина и приказна за вашиот стил, но мојата е едноставна, сакам мода, сакам интересни и единствени парчиња и воопшто не ми пречи ако некој „лаик“ ме нарече луда. Светот на модата знае да биде луд и тоа во многу добра смисла.

Единствено што би сакала да предочам со моите зборови е дека не смеете да дозволите никој да ви се меша во вашиот личен стил. Сепак тој е ваш и прави да сте уникатни. Не треба да слушате туѓо мислење, а уште помалку да дозволите да влијае на вашите одлуки.

Живејте го животот бестрашно и според вашите правила. Нека биде само ваш.

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
„Мојата најдобра другарка мисли дека сум ѝ дадилка - веќе не сакам да ѝ го чувам бебето“ „Никој од нејзиното семејство, па ни нејзината мајка, не сака да ѝ помогне зашто...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg