Кратка поучна приказна за двајца калуѓери
Поучна приказна што ќе направи да гледате на работите од една поинаква перспектива.
Двајца калуѓери оделе покрај реката, кога забележале една девојка по долна облека како се мисли што да прави. Таа сакала да ја помине реката, се соблекла по долна облека, но водата била длабока и не сакала да си ја наводени облеката што ја држела во раката.
Без многу размислување еден од калуѓерите ја ставил на грбот и ја пренел на другата страна од реката.
Таа му се заблагодарила, а калуѓерите продолжиле по својот пат. Но, по еден час другиот калуѓер почнал да му приговара:
„Сигурно не е добро да допреш жена. Тоа е во комплетна спротивност со забраната за блискиот контакт со жените. Како можеше да направиш такво нешто и покрај нашите монашки правила?“
Калуѓерот кој ја пренел жената мирно продолжил да чекори, да кажува молитва и на крај му се обратил на својот пријател:
„Јас ја оставив девојката покрај реката пред еден час. Зошто ти сè уште ја носиш?“
С. С. | Црнобело