Прави сè за другарите, само прашај си кога планираат да те зафркнат

Многу често насекаде можам да слушнам една реченица која ужасно ме иритира, бидејќи она што го наговестува всушност е вистината за нашето постоење. Колку и да ми се ежеше кожата, дури и јас самиот ја користев за да го опишам она што се случува околу. Сè започнуваше со „Какво време дојде”, а потоа се лепеа глупостите кои беа карактеристични за живеењето на ова издивено општество.

pravi-se-za-drugarite-samo-prasaj-si-koga-planiraat-da-te-zafrknat-001.jpg

Колку и да се противев, навистина беше така. На денешно време, ние самите се погриживме да уништиме многу работи, меѓу кои и вистинското значење на пријателството.

Што значеше зборот другар (пријател) денес?

Една измислена именка, моментална состојба со која ги означувавме луѓето во нашата околина. Оние со кои ги кроевме сите планови, ги имавме сите пијанки, ги затворавме сите кафеани и ги споделувавме сите тајни. Честопати го делевме лебот и си го чувавме грбот, си раскажувавме приказни и се докажувавме кој е поголем другар, барем така беше сè додека луѓето имаа корист.

За жал, многупати, во таа заедница луѓето влегуваа од корист. Додека оние наивните, со чисто срце и душа тоа не можеа да го видат и веруваа во зборот пријателство, постоеа хипокрити кои тоа многу добро го користеа. Просто кажано додека си нешто ќе те величаат, ако станеш ништо ќе те плукаат или додека си на врвот ќе сакаат да одат зад тебе, а ако се лизнеш нема да ти пружат рака за да те подигнат.

Таквите луѓе, лицемери, голтаа сè и молчеа на сè, се додека им одговараше состојбата во која се наоѓаш. Во моментот кога ќе бидеш повеќе од нив или ќе постигнеш повеќе од нив - ќе престанат да те тапкаат по рамото и едноставно ќе исчезнат од твојот хоризонт. Ќе го извадеа својот валкан веш и во очите полни љубомора ќе пробаа да ти наштетат на секој начин, користејќи го она што го знаат за тебе, а било кажано во доверба.

Денешните „другари” знаеа да те фалат, а воедно и да ти завидуваат, да ти дадат лажен совет кој ќе те турне во бездна и да ти забијат нож во грб без да им трепне око. Сè додека има што да искористат од тебе ќе замижат на твоите мани и никогаш нема да ти преговорат истите да пробаш да ги промениш за твое добро, дури и ќе ти ракоплескаат.

Сè што ќе направат за тебе точно ќе пресметаат како да ти се пикнат под кожа за да можат добро да ти наплатат за секоја „жртва” што ја направиле за тебе.

Во моментот кога нема да играш по нивни ноти ќе те обвинат, ќе преговорат за сите твои недостатоци, ќе те осудат и ќе те натераат да зажалиш што некогаш си им верувал. Потсетете се колку другари поминале во вашите животи и колку од нив останале, а колку повеќе никогаш не сте ги виделе со причина.

Другари има многу, за среќа или можеби за жал се појавуваат, но никогаш не се за навек. Тука се етапно, бидејќи животот е составен од повеќе етапи. Колку побрзо го сфатиме тоа, толку поолеснително ќе ни одат разделбите.

Денешните другари за убави работи ќе бидат околу тебе, само не ги барај кога ќе бидеш заглавен до гуша од исплетканите игри на животот, тогаш ретко кој се појавува - скоро никој од нив.

Другари има многу, но ретко кој од нив остана човек. Затоа за да не те боли душата и да не ти се влажнат очите беспотребно, помагај на луѓето безусловно, само прашај си кога да очекуваш да те зафркнат. Не чувај презир во себе, не очекувај за да не се разочараш, сфати дека тоа едноставно така си оди. Потпирај се сам на себеси и не очекувај никој да ти помогне околу кормилото кога ќе надојдат немирни води. Ништо не е вредно, а ни вечно, на крајот само спомените се тие кои остануваат.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg