Приказни од Југославија

Отсекогаш сакам да слушам за животот во Југославија. Иако не сум роден за време на Тито, имам слушнато секакви стории. Ги има еден тон.

prikazni-od-jugoslavija-001.jpg

Израснав со родители, баби и дедовци кои од уста не ги вадеа децениите во кои демек со една плата можело да се издржи цело семејство и истовремено да се школуваат децата. За време на Југославија, период кој според зборувањата претставувал вистински благодат, се вработувало лесно, а отказ речиси и не постоел.

Знам дека дедо откако се вработил во една земјоделска фирма, таму останал до неговото пензионирање. Заработениот приход му овозможил, не само нему, туку на сите, секоја година да одат на море. Работата им завршувала во два-три часот, и потоа право на семеен ручек и, како најважно од сѐ, им останувало време да се посветат на своите најблиски.

more

Со кого и да седнев да разговарам на темава, буквално на гилотина ги ставаа лошите спомени, како да не сакаа да зборуваат за нив. Само се фокусираа на убавите моменти, на пример на деновите кога немало многу автомобили, но затоа младите самогорделиво се возеле на веспи.

prikazni od jugoslavija 3

Многу одамна, уште кога бев дете, татко ми ми раскажуваше како при крајот на педесеттите години, неговите родители први купиле телевизор во маалото, па заедно со роднини и пријатели секојдневно се собирале, се смешкале и се дружеле пред тв-приемникот.

Тоа било спектакуларно доживување, каде што на радоста буквално ѝ немало крај. Токму од тоа време, како колекција на моите, имам плочи од Бјело Дугме, Здравко Чолиќ и Лепа Брена, како најголемите музички ѕвезди.

prikazni od jugoslavija 7

Во поранешна Југославија, голем број семејни куќи биле снабдени со добро познатите класици од Толстој, Достоевски, Андриќ, Шолохов, Балзак, ама наместо самоволно да бидат препрочитувани, ретко отворените класици имале функција на декоративен елемент.

Сега, кај кого и да наминеш, можe да се најдат истите едиции и наслови. Доста одамна, чичко Васил, сосед и изработувачна дрвен ентериер, ми раскажа за времето кога со своето жолто фиќо заминал во Србија да изнакупи книги за новоизградената куќа.

klasici

Попат, преполниот автомобил бил запрен од полицијата која се посомневала во можен шверц на книги. Имало над стотина, и тоа без никаков документ. Исплашениот сосед за да им докаже дека нема врска со валкани работи, пред нивни очи ги скинал страниците од книгите и со себе ги понел само тврдите корици за наменско пополнување наполиците.

До ден-денес, осакатените класици му гокрасат дневниот престој веднаш под закачената слика од Јосип Броз Тито.

prikazni od jugoslavija 1

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg