Со насмевка ѝ реков: „Те молам не вели ништо”

Ние луѓето знаеме да бидеме доста ограничени. Ограничени во поглед на тоа дека често знаеме да си ги ускратиме некои можности кои се нудат како огромни санти мраз пред нашите очи, а ние замижуваме или едноставно не сакаме да ги видиме. Фокусирани на она што има зад карпата од лед, забораваме на можната колизија со неа.

so-nasmevka-i-rekov-te-molam-ne-veli-nisto-001.jpg

Не можев да најдам посебно објаснување на таквиот феномен, но често сакавме да гледаме преку ѕидови, напред во иднината, фокусирани на она што може да биде, го пропуштавме она што е. Не можев да разберам, а се трудев долго. Зошто бевме такви, зошто едноставно не сакавме да им дадеме прилика на луѓето да ни покажат зошто се нашле во нашиот живот, токму на тоа место и токму во тоа време, кога можеби сè отишло по ѓаволите?

Неа ја запознав сосем случајно, како и многуте случајности во овој свет кои ми се случуваа во последно време. Чудно, кога ќе излезеш од безбедната зона како да се разнишува сè, како да се растресува земјата и во секој момент може клавир да ти падне на главата. Неочекувани очекувања и непомислени мисли. Ново, но добро, јас би рекол, требаше да го практикувам и порано.

Седев во читалната, нервозно тупкајќи со нозете. Имав еден куп работа, време се помалку, а проблемите само натежнуваа над главата. Имав ставено бели слушалки во ушите со релаксирачка музика, додека се обидував да го напишам проклетиот научен есеј кој ме мачеше долго време.

Занесен во мојата меланхолија на безизлез, забележав бели лисја како летаат на десната страна од мене. Се завртив да ги кренам, да помогнам на девојката која ги испушти и слушалките се откачија од мојот лап топ. Во мртвата тишина се слушна мојата мелодија за смирување. Ќе потонев од срам.

Таа се збуни кога виде дека материјалите се најдоа на земја. Почна да вика, „Извини, извини, жив срам”. Јас само ја прекорив дека сме премногу гласни, како музиката од мојот лап топ да не беше доволна, сите гледаа во нас. Одамна не сум се чувствувал толку усрамено.

Ми го кажа нејзиното име и рече дека е за кратка пауза. Не се противев, што лошо можеше да се случи од запознавање на нов човек?

Додека роковите течеа, работата се трупаше, јас поминав еден час, пауза, во блиското кафуле со девојката од читалната. Ми го раскажа својот живот накратко, а јас слушав внимателно. Јас јадев, бидејќи бев мртов гладен, а таа како не толку голем љубител на јадење, пиеше свежо цеден сок од портокал.

„Не знам зошто ти го губам твоето време со мојата апсолутно негативна енергија. На твоите проблеми сигурно не му треба уште еден”, рече таа усрамено, подигнувајќи ги своите очила нагоре и тргајќи ја косата на страна.

„Те молам не зборувај повеќе. Ќе се навредам. Од секој човек можеш да научиш нешто и од секоја приказна можеш да извлечеш мотивација или поука. Она што ти се случува е далеку од негативно. Вршиш премостување од светот на децата кон светот на возрасните. Тешко е, и јас поминав низ тоа, но ќе видиш на крајот се ќе биде во ред. Годината кога си бруцош, е онаа која најмногу ќе ја помниш.

Од овие час и половина за кои те познавам и по она што го кажа, можам да заклучам дека не треба ѕвездите да ти се наклонат или да дувнат ветрови за да те однесат некаде. Ти тоа сама ќе го постигнеш. Затоа, да не слушнам разговори за негативност, неуспех, досадување. Тука сме каде што сме, со некаква причина, каква тоа само универзумот знае, ако и тој знае воопшто. “

Се насмевнав слатко. Таа не се противеше на моите зборови, мислам дека добро и годеше оваа моја мала лекција за животот. Како тоа да ја претвори во машина која ќе ги всмука сите зборови од книгата.

Во таа доцна, студена ноќ, одевме еден до друг до дома. Немаше никаква непријатна  тишина, само две млади души, изгубени во своите разговори и една потврда за се она кажано. Секој човек, носи нешто посебно, го пуштиш ли во твојот живот, пушташ нешто различно, нешто што може да го промени цел тек на твоето постоење.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 Автор: Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg