Понекогаш треба да го протресеш стеблото на пријателството, за да паднат расипаните плодови
Протреси го стеблото на пријателството и ќе откриеш дека ништо не е онака како што ти се чини.
Многу од плодовите ти се чинат цврсти, а при најмалиот потрес, истите тие ќе паднат на земја.
Некогаш животот сам ги прави тие тестирања и ги нарекува потреси. Ќе се затресе земјата под тебе и за момент откриваш кои се луѓето кои едвај стојат покрај тебе и во првата прилика ќе решат дека е време да се оддалечат.
Некогаш треба да го протресеш стеблото на пријателството, за да паднат празните, расипани плодови.
Си им давал храна и корењата растеле заради тебе. Толку длабоко ги чувствуваш, што ги сметаш за дел од себе. Но, нивната внатрешност сепак не е иста како кај останатите.
Затоа е потребно да ги изнесеш работите на чистење и да сфатиш дека сегашното време е единственото кое може да ти ја разоткрие вистината, а со тоа и да ти ја покаже иднината.
Понекогаш човек се зачудува од сознанието колку празни плодови се наоѓаат во неговиот живот. Мислел дека причината и намерата е искрена, а всушност реалноста е тотално спротивна.
Тука се затоа што моментално не можат да бидат таму каде што посакуваат, па ти си им одбивна штица. Нивните намери не ги знае никој, па дури и тие самите, сè додека не дојдат во ситуација во која треба да одлучат кои се нивните приоритети.
Затоа, не се плаши да го протресеш дрвото да пријателството. Тогаш ќе знаеш на што си. Ќе знаеш колку пријатели имаш, а колку едвај чекаат да го напуштат бродот наречен пријателство. Тогаш ќе знаеш на кого можеш да се потпреш во тешките времиња.
Ваше е да одлучиш дали ќе се соочиш со вистината или ќе останеш во заблуда и ќе веруваш дека сè е розово. Вистината боли, но единствено таа ослободува.